Мик Шумахер ќе дебитира на Формула 1: Како изгледа и што прави синот на легендарниот Михаел Шумахер? (фото)
- Детали
- четврток, 01 октомври 2020
21-годишниот син на Михаел Шумахер ќе го доживее своето деби на Формула 1. Ѕирнете во секојдневието на ова русокосо и амбициозно момче...
Мик Шумахер, синот на 7-кратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, ќе го направи своето деби на Формула 1.
Тој има добри перформанси на патеките на Формула 2 и затоа Ферари му ја дава шансата да се покаже на Eifel Grand Prix трката во Германија.
Роден е 1999 година во Швајцарија, а кариерата ја започна во картинг во 2008 година.
Инаку, неговиот татко, легендарниот Германец Михаел Шумахер (51) имаше сериозна скијачката несреќа во 2013-та година. По повредата на мозокот беше во индуцирана кома, потрошени се милиони евра на неговото лекување, неговото семејство постојано е покрај него но, за жал, според докторите тој никогаш повеќе нема да биде истиот и за неговата состојба не се откриваат многу информации.
Животот на Мик Шумахер низ Инстаграм фотки: