Михаел Шумахер се разбуди од кома и започна со рехабилитација
- Детали
- понеделник, 16 јуни 2014
Михаел Шумахер ги помина последниве 6 месеци во болница, по што конечно дојде времето за рехабилитација.
Според странските извори, Шумахер сега е многу подобар, слуша гласови и реагира на допир.
„Тој може да комуницира со сите околу него, а посебен напредок има кога до него се неговата жена и децата. Сега Шумахер е во состојба каде нема потреба од помош од специјалисти.“
Во официјалното известување стои дека Шумахер ја напушта болницата со потполна свест и го започнува долгиот процес на рехабилитација.
Неговото семејство сака посебно да им се заблагодари на сите доктори и терапии кои му беа овозможени во болницата. Исто така се заблагодаруваат на сите кои испратија добри желби и позитивни мисли.
„Вие успеавте да му помогнете. Но, во иднина ве замолуваме за разбирање дека неговата рехабилитација би требало да се одвива далеку од очите на јавноста,“ стои во соопштението.
Би можело да ве интересира:





