Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нешто повеќе за каратето

Каратето е боречка вештина во која личноста се брани од напаѓачот користејќи рачна и ножна техника. Најголемиот акцент се става на насочување...

 

... на телесната моќ кон целта и експлозивниот напад.


Површините на телото со кои се задаваат ударите се рацете - тупаниците и надворешните рабови на дланките,  стапалата, петиците, подлактиците и лактите. Каратето се развивало низ вековите во источна Азија, а конечно систематизирано се јавува во 17тиот век во Окинава, најверојатно практикувано од страна на жителите на кои им било забрането да носат оружја.nesto-povekje-za-karateto

Карате во буквален превод значи „празна рака“. Во оваа боречка вештина, учиме како да ги претвориме деловите од нашето тело во ефективно оружје за самоодбрана, без оглед на телесната градба, висината или возраста.

Каратето, за разлика од другите боречки вештини, како Таеквондо, Кунг Фу, Аикидо и др., го користи секој дел од телото за подобрување на техниката.

Во каратето се верува дека дури и еден обичен удар, доколку е правилно изведен - со силата насобрана од стапалата, нозете, колковите, торзото, па до рацете и тупаниците, може да го разоружа и/или потешко да го повреди противникот.

Карате тренингот е составен од три „К“ - триаголник во кој се одвива целокупното карате искуство.

Кихон

Кихонот ја претставува основата. Како и играњето валцер, буги или ча-ча-ча, и тука има некои први, основни движења чие совладување е основата за понатамошниот напредок.  Постојат основни блокови, ставови и удари. Сите овие се вежбаат во сите можни насоки, така што го навикнуваат телото и различните мускули на новата техника.

Ката

Катата претставува рутина составена од повеќе различни кихони. Тука, секое движење е од суштинска неопходност (и си има свое значење и примена) за целокупната изведба. Постојат повеќе кати со различна тежина на изведба. Во катите најмногу се внимава на ставот, правилното дишење, брзината, како и контролата на телото и телесната моќ.

Кумите

Кумите - борба, спаринг. По Стрит фајтер, Роки и Карате кид, најверојатно сите (да, дури и девојчињата), поминале по некој час сонувајќи и самите да изведат нешто такво. Тука ќе ве разочараме - карате борбите не се баш такви. Иако веќе споменавме дека техниките, доколку се правилно изведени, можат сериозно да го повредат противникот, кумитето како такво не` учи на токму спротивното - како да ги контролираме ударите - целејќи кон противникот со соодветен тајминг, дистанца и контрола.

Би можело да ве интересира:

Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светски скијачки куп 18-годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во ...
Нов „дијамант“ на македонската кошарка На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во м...
Синчето на Ева Лонгорија излезе на терен со Меси - мама гордо позира со Бекам кој ѝ го овозможи тоа Малиот Сантијаго среќно мавта додека излегува заедно со Меси на теренот, облечен...
Починатиот кошаркар Дражен Петровиќ се „појави“ и прозборе преку холограм - публиката плаче и пее „К... Најемотивниот момент се случи кога во кошаркарската сала почнаа да излегуваат зл...
Роналдо излезе на терен со девојче со церебрална парализа – ја бакна и ѝ го исполни сонот (фото+виде... Капитенот на Португалија им ги стопи срцата на фановите кога на терен излезе со ...
Индира Кастратовиќ влезе во „Куќата на славните“ - Блеска од среќа покрај сопругот, Кире Лазаров нај... Браво! Името на нашата ракометна легенда Индира Кастратовиќ, е запишано во Куќат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg