Роналдо излезе на терен со девојче со церебрална парализа – ја бакна и ѝ го исполни сонот (фото+видео)
- Детали
- среда, 12 јуни 2024
Капитенот на Португалија им ги стопи срцата на фановите кога на терен излезе со неговата придружничка во инвалидска количка – девојче со церебрална парализа. Постојано ја држеше за рака и ја бакна во чело.
На пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Полска на 11 јуни, Роналдо направи гест кој ги воодушеви фановите, но и сите останати.
Тој излезе на теренот со својата придружничка – девојче во инвалидска количка.
Станува збор за Софиа Монтеиро, која има церебрална парализа, но не дозволува животот да ѝ застане заради болеста.
Таа има Инстаграм профил, кој го води нејзината мајка, каде објавува многу фотки од нејзините прекрасни роденденски забави, летни авантури и патувања со нејзините родители.
Најновата објава на профилот е со фудбалерот Кристијано Роналдо, од моментот кога ја бакнува во чело и ја претставува како своја придружничка на теренот.
„Си заминавме од тука со полни срца. Какво попладне! Уште се соземаме од она што се случи вчера“ – стои во описот на објавите од настанот.
И Кристијано, во заедничка објава со Португалската фудбалска репрезентација, на Инстаграм објави видео од моментот, до кое пишува: „Бесценето“.
Тој ја бутка Софиа во количката, а за време на пеењето на химната, ја држи за рака цело време.
Погледнете повеќе фотографии од емотивниот момент:
М. М. | Црнобело