Засрамувачки: Кристијано Роналдо наместо црвен картон доби втор пенал
- Детали
- четврток, 02 октомври 2014
На натпреварот од Лигата на шампиони против бугарскиот тим Лудогорец се очекуваше дека Кристијано Роналдо ќе биде ѕвездата на вечерта, но не на ваков начин.
Наместо да го покаже својот талент и да го оправда епитетот „машина за голови“, тој се послужи со тотално аматерски и срамни реакции.
По водството на домаќините и првиот промашен пенал, веројатно во момент на паника и брзање за промена на резултатот, тој се послужи со лош трик и одглумено паѓање во шеснаесетникот за да изнуди уште еден пенал.
Она што беше скандалозно и срамно е што покрај паѓањето ја испружи ногата пред противничкиот фудбалер за што заслужи и црвен картон, но тоа судијата „не го виде“.
Така, наместо црвен картон, ѕвездата на кралскиот клуб доби шанса за втор пенал, со кој го израмни резултатот на 1:1.
По погодокот и на Бензема, Реал Мадрид успеа и да победи со резултат од 1:2 и да добие значајни 3 бода.
Погледнете ја срамната ситуација на Роналдо: