Берлин ги дочека светските шампиони (фото)
- Детали
- вторник, 15 јули 2014
Репрезентацијата на Германија доживеа невиден спектакл на улиците за време на дочекот во Берлин.
Медиумите тврдат дека на улиците немало толку луѓе на улиците уште од 1989 година кога е срушен Берлинскиот ѕид.
Навивачите на германската селекција ги преплавиле улиците на Берлин за дочекот на новите шампиони.
Ова е најголемото собирање во овој град. Најмногу ги има пред Бранденбуршката порта, каде што бројните навивачи ги следеа сите натпревари во претходниот период.
За да ги видат своите идоли, некои се качени по семафори, автобуски станици, дури и врз киосците за брза храна.
Радоста и гордоста се бесконечни. Ова е историски настан кој ќе остане засекогаш врежан во меморијата на оние кои имале среќа да бидат сведоци.
Погледнете како се дочекани германските репрезентативци: