Какви барања имаат учесниците на Светското фудбалско првенство?
- Детали
- петок, 25 април 2014
До светското првенство во фудбал останаа уште 48 дена, а за организаторите веќе пристигнаа првите необични барања од фудбалските тимови.
Додека сите чекате претставата да започне, забавувајте се со најчудните желби на фудбалерите.
Од Алжир пристигнало барање во секоја соба да има по еден Куран.
Од Еквадор побарале во секоја соба да ги пречека корпа со свежи банани, увезени од нивните краишта.
Колумбија има умерено барање, односно побарале покрај тимот А, во Бразил да присуствуваат уште 15 млади репрезентативци кои ќе ги следат тренинзите.
Суарез и неговите пријатели од Уругвај бараат нечујни клима уреди, додека од Чиле побарале нови кревети и флетскрин телевизори во секоја соба.
Дека некои репрезентации ги ограничуваат дури и програмите кои ги гледаат играчите докажуваат Хондурас и Швајцарија.
Од Хондурас бараат да има 6 шпански програми, додека Швајцарците очекуваат брз интернет и домашни ТВ канали во собите.
Французите побарале на играчите да им се служи исклучиво Кошер месо, а покрај тоа сакаат и течни сапуни во бањите.
Делегацијата на Австралија побарува достава на дневни весници од целиот свет, секојдневно.
Португалија пак, очекува 6 членови лично обезбедување, од кои 4 исклучиво за Кристијано Роналдо.