ФФМ ќе реализира едукативни семинари за тренери низ државата

ffm-ke-realizira-edukativni-seminari-za-treneri-niz-drzavata-2

Како дел од националната стратегија за развој на младинскиот фудбал во Македонија, селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски и координаторот на младинските национални селекции, Зоран Стратев ќе започнат со реализација на едукативни семинари за тренери низ сите фудбалските региони во државата. Првиот ќе се одржи во Велес веќе во петок, а целта е надградба и едукација на тренерите како исклучително важен сегмент во развојот на фудбалот, лица кои треба да бидат главните мотиватори и поттикнувачи на младите фудбалери за правилен фудбалски развој. Бошко Ѓуровски, фудбалски стручњак со долгогодишно интернационално тренерско искуство, ќе претстави програма за работа на екипите во фаза на подготовки, а главниот фокус во практичниот дел од семинарот ќе биде претставување на дефанзивна и офанзивна фаза во систем 4-2-3-1.

ffm-ke-realizira-edukativni-seminari-za-treneri-niz-drzavata-1

Сите ние кои сме дел од Фудбалската федерација на Македонија имаме одговорност и обврска активно да се вклучиме во програмите на федерацијата кои придонесуваат за развој на македонскиот фудбал. Едукацијата на тренерите е едно од важните прашања за ФФМ, верувам дека и тренерите на вистински начин ќе го прифатат нашиот концепт, посебно националната програма за развој на младинскиот фудбал која претставува нова филозофија во создавањето на играчи и овозможува долгогодишен опстанок и развој на македонскиот фудбал. Квалитетот на создавање на играчи претставува многу комплексен концепт и во теорија и во пракса, а стручните лица кои можат да помогнат во развој на фудбалот, Македонија мора да ги создаде сама. Ние сме тука активно да се вклучиме во процесот и се надевам на позитивни промени. Низ фудбалските региони ќе одржиме предавања, ќе се запознаеме со условите во кои работат тренерите, ќе ги слушнеме нивните искуства и ќе ја претставиме нашата програма”, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски.

Би можело да ве интересира:

Скандалозниот живот на Михаел Балак: Не ја преболе смртта на синот, а сега е во љубов со неговата де... Јавноста беше згрозена кога дозна дека славниот фудбалер почнал љубовна врска со...
Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 ... Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балканск...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Се откажа од фудбалот поради неиздржливи болки, дома беше претепан и ограбен: Животот на Роберто Баџ... Од моментот кога престана да биде професионален фудбалер, Роберто Баџо веќе не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg