Наше единство на Филип II, целта е повеќе од јасна – победа против Шкотска
- Детали
- вторник, 10 септември 2013
Македонската фудбалска репрезентација денес, во 20.30 часот на Националната арена „Филип II“ во Скопје го игра последниот натпревар на домашен терен од квалификацискиот циклус за Светското првенство во Бразил, 2014.
Најдобрата македонска репрезентација со победа над Шкотска има историска шанса да го освои третото место во групата.
Иако ова место нема да и обезбеди шанси за пласман на нашата репрезентација на светското првенство, со сигурност ќе ни овозможи подобро рангирање во ждребот за квалификациите за европското првенство во Франција, 2016.
Фудбалската федрација на Македонија ве повикува, здружено и сложно да навиваме за нашите репрезентативци кои ни овозможија радост на последниот натпревар против Велс.
Да докажеме дека во Македонија фудбалот повторно е во мода! Заедно до победа!
Би можело да ве интересира:





