Прв европски резултат за Македонија во бразилско џиу џицу
- Детали
- вторник, 29 јануари 2013
Клубот „Карлос Маја“ ја имаше таа чест за првпат да ја претставува Македонија на Европското отворено првенство по бразилско џиу џицу кое се оддржа во Лисабон, Португалија од 24-ти до 27-ми јануари. Со преку 2 илјади натпреварувачи и 10 годишна традиција, Европското е едно од најпрестижните натпреварувања по бразилско џиу џицу во светот.
На овој прв настап, Македонија го доби и својот прв успех. После неколку напорни борби, Јовановски Александар се избори за третото место во супер-тешка категорија. Со освоениот бронзен медал стана првиот Македонец кој стигнал до победничкиот подиум на Европа во бразилско џиу џицу.
Бразилското џиу џицу е нов и млад спорт во Македонија, а активно се тренира во последните 2 години. Со преку 20 освоени медали на меѓународни натпревари тимот на Карлос Маја е најуспешниот БЏЏ клуб во нашата земја.
Посетете ја нивната Фејсбук страница: http://www.facebook.com/graciebarramk
Би можело да ве интересира:





