Мареј го освои својот прв Гренд слем

marej-go-osvoi-svojot-prv-gren-slem-1

Енди Мареј, во епско финале, ја освои титулата на УС Опен, победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 3:2 (7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2), по речиси пет часа игра.

Шкотланѓанецот ја освои својата прва гренд слем титула во кариерата, откако претходно четири пати губеше во финалињата на најголемите турнири и стана првиот Британец по Фред Пери во 1936 година кој освои гренд слем титула.

Фантастичен прв сет одиграа двајцата тенисери, кој Мареј по 87 минути игра го доби во тај брејк. Британецот одлично започна и во вториот сет, стигна до 4:0 и 5:2, но Ѓоковиќ се врати во мечот израмни на 5:5. Мареј го доби својот сервис во 11-от гем, а потоа во 12-от направи брејк и поведе со 2:0.

Ѓоковиќ потоа влезе во вистински ритам и речиси без мака ги доби следните два сета со што израмни на 2:2.

marej-go-osvoi-svojot-prv-gren-slem-2

Во решавачкиот петти сет Мареј веднаш на почетокот му го одзеде сервисот на противникот, што на крајот се покажа како клучно за конечниот победник.

Двајцата играчи имаа тешки услови за игра, по силниот ветер Мареј подобро се снајде, нешто што го покажа и во полуфиналето против Бердих.

Мареј на крајот имаше 31 винер и 56 неизнудени грешки, додека Ѓоковиќ имаше 40 директни поени и 65 грешки.

„Разочаран сум поради поразот, но длабоко во себе знам дека го дадов максимумот. Дадов сè од себе за да се вратам во мечот и победам, но против себе имав голем ривал. Заслужи да освои гренд слем повеќе од било кого поради тоа што годинава беше најдобар. Порано беше толку близу, загуби во четири финалиња. Сега успеа и му честитам“, рече Ѓоковиќ.

marej-go-osvoi-svojot-prv-gren-slem-3

Британецот по победата не можеше да ги сокрие солзите, заблагодарувајќи му се на својот тренер Иван Лендл.

„Неверојатни беа условите во кои игравме. Подобро се снајдов на силниот ветер. За мене ова беше психолошки тежок меч, игравме речиси пет часа“, рече Шкотланѓанецот.

Енди Мареј со победата во Њујорк на најновата АТП листа на третото место го мина Рафаел Надал.

11.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро в... Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимпис...
„Македонско девојче“ ечи во Париз: Јокиќ пее качен на стол, српските кошаркари ја славеа бронзата (в... Кулминацијата на прославата беше кога најдобриот играч на НБА, Никола Јокиќ, се ...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg