На Euro'12, 18 играчи со потекло од Африка
- Детали
- четврток, 14 јуни 2012
Еден комплетен фудбалски тим би можел да се состави од играчите од Африка кои оваа година играат на Европското првенство во Полска и Украина.
Марио Балотели е со потекло од Гана, но кога бил мал го посвоило италијанско семејство.
Дени Велбек е негов земјак, емигрант од оваа земја. Патрис Евра е роден во Сенегал, а Нани на Зеленортските острови.
Едниот од браќата Боатенг игра за Германија, а Кевин Принс одбрал да го носи дресот за Гана.
Еве ја листата на играчи од африканско потекло на ЕУРО 2012:
Мароко: Адил Рами – Франција, Калид Буларуз – Холандија, Ибрахим Афелај – Холандија
Алжир: Карим Бензема – Франција, Самир Насри – Франција
Тунис: Самир Кедира – Германија, Хатем Бен Арфа – Франција
Зеленортски острови: Нани – Португалија
Сенегал: Патрис Евра – Франција
Брег на Слонова Коска: Жорес Окоре – Данска
Гана: Марио Балотели – Италија, Џер Боатенг – Германија, Дени Велбек – Англија
Нигерија: Анџело Огдона – Италија
Етиопија: Теодор Гебре Селаси (Чешка)
Конго: Јан М’Вила – Франција
Конго: Стив Манданда – Франција
Ангола: Блис Матуиди - Франција