Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ми иде да плачам ко дете“, навивачите во еден глас за Кочани: Потези за поздрав и солзи на мечот Вардар – Црвена Ѕвезда во Скопје

Солзи и болка, но и полно срце заради солидарноста и хуманоста... Точно еден месец по трагичната несреќа во Кочани, Вардар и Црвена Ѕвезда одиграа хуманитарен фудбалски меч – стадионот во Скопје одекнуваше „Кочани“, на трибините имаше пораки за благодарност на сите јазици на земјите кои ни помогнаа, фудбалерите од двата клуба беа во црни маици со натпис „Кочани“, а стиховите од „Тешкото“ ги исполнија трибините.

mi-ide-da-placham-ko-dete-publikata-vo-eden-glas-za-kochani-potezi-za-pozdrav-i-solzi-na-mechot-vardar-crvena-dzvezda-vo-skopje-01.jpg

На 16 април 2025, еден месец по трагичната несреќа во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 61 лице, се одржа хуманитарен фудбалски меч на Националната Арена „Тодор Проески“.

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда и Вардар играа од срце на стадионот во Скопје, а сите средства од продажбата на картите ќе бидат донирани на семејствата на настраданите.

Играчите од двата тима кои важат за вечни ривали, на теренот излегоа во црни маици со натпис „Кочани“, а од трибините од 25.000 грла на цел глас одекнуваше „Кочани“, иако на моменти тишината грмеше погласно од сите навивачи заедно. 

Комитите држеа транспаренти со натпис „Ви благодариме“ на повеќе различни јазици, со кои упатија благодарност до сите земји кои со широко срце веднаш помогнаа и примија на лекување повеќе пациенти кои беа повредени во пожарот.

Низ цела трибина имаше и огромно платно на кое беа испишани стиховите на Блаже Конески од „Тешкото“: „...И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик“.

mi-ide-da-placham-ko-dete-navivachite-vo-eden-glas-za-kochani-potezi-za-pozdrav-i-solzi-na-mechot-vardar-crvena-dzvezda-vo-skopje-02.jpg

На мечот, Црвена Ѕвезда победи со резултат 3:1, но ова не беше само фудбал, туку многу повеќе емоција, пријателство, солидарност и хуманост, што полни душа и засекогаш ќе остане врежан како спомен за почитта која се оддаде кон жртвите. 

Кликнете за да го погледнете видеото:

Единствениот гол за Вардар, го даде Маневски, а го посвети на Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи, кој прерано го загуби својот живот во обид да спаси други во пожарот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Започна Chefs de Mission семинарот во Скопје, како дел од подготовките за ЕМОФ Скопје 2025 Министерот за спорт, Борко Ристовски ја потенцираше поддршката на државата за ор...
Откриј го својот афинитет, надгради го талентот  - стартуваше 4-тата сезона од проектот Ракомет за с... „Како и изминатите сезони, така и по завршувањето на сезона 2023/24, од школата ...
Надал го одигра последниот меч во кариерата и се збогува со емотивен говор: „Сакам да ме помните как... Откако го изгуби својот последен меч, Рафаел Надал одржа емотивен говор со кој и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg