Молк и солзи во соблекувалната на „Шкупи“ - Соиграчите на фудбалерот Андреј Лазаров неми од болка (видео)
- Детали
- четврток, 20 март 2025
Галамата во соблекувалната ја заменија молк и солзи на фудбалерите, седнати покрај дресот на Андреј, кој тој веќе никогаш нема да го облече и запалена свеќа во негова чест.
За едни херој, за други пријател кого никогаш нема да го заборават.
А за фудбалерите на „Шкупи“, младиот Андреј Лазаров беше и соиграч и брат.
Фудбалерот, кој херојски загина на 25 години во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес ќе биде погребан, во истиот ден кога ќе бидат погребани и останатите 58 жртви од кобната несреќа.
А на еден ден пред погребот, соиграчите на Андреј, скршени од болка и неми од тага, и понатаму не можат да поверуваат дека веќе го нема.
На социјалните мрежи на клубот, споделија видео и фотографии од траорната атмосфера во соблекувалната, место каде што секогаш е галама.
Овој пат молк и солзи меѓу играчите, дресот на Андреј кој веќе никогаш нема да го облече и запалена свеќа во негова чест.
„Андреј Лазаров, 1999 - ∞. Засекогаш ќе бидеш дел од нашето семејство“ - стои во пораката од клубот.
Погледнете го емотивното видео и фотографиите:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм
Би можело да ве интересира:





