Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа на тенискиот терен
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го прекршија ова правило откако тенисерот ја освои 23-тата гренд слем титула во својата кариера. Во складни комбинации со нивните деца, Новак и Јелена се фотографираа со пехарот на тенискиот терен.
Новак Ѓоковиќ (уште еднаш) докажа дека е најдобриот тенисер на светот по победата на French Open во неделата (11.06). Со оваа победа, Ѓоковиќ во кариерата има освоено дури 23 гренд слем титули – повеќе од кој било друг машки тенисер.
Во публиката, тенисерот добиваше поддршка од неговото семејството – сопругата Јелена и децата Стефан и Тара.
Новак и Јелена многу добро ја кријат приватноста на нивните деца, но за овој посебен миг во кариерата на тенисерот, заедно позираа со освоениот трофеј.
Тие се и во складни комбинации – Јелена и ќерката Тара се облечени во розово, додека малиот Стефан и тенисерот се со црвени јакни.
Тенисерот и самиот сподели неколу слатки семејни фотки на Инстаграм Стори.
Јелена, пак, сподели фотка на која го бакнува Новак по победата.
Семејството на тенисерот дошло во Париз пред неколку дена.
Новак дури и ги однел на фудбалски натпревар каде децата имале можност да се запознаат со некои од најпознатите фудбалери, како Меси, Мбапе и Нејмар.
Тенисерот откри дека ќерката добила и автограм.
„Додека одеа кон соблекувалната, Мбапе и Меси се поздравија со мене, тогаш првпат се сретнавме. Кратко, но слатко. Исто така го видовме Нејмар, ѝ се потпиша на дресот на мојата Тара.
Стефан го сака Меси. Тара не следи спорт, но знае кој е Нејмар поради нејзините другарки“, изјави тенисерот, пренесува Story.rs.
Како што веќе спомнавме, со победата Ѓоковиќ стана единствениот машки тенисер со 23 гренд слем титули.
Тој се израмни со Серена Вилијамс, а од нив двајцата повеќе гренд слем титули има единствено тенисерката Маргарет Корт – вкупно 24.
Историскиот натпревар на French Open го следеа и некои од најпознатите спортисти во светот, како Мбапе, Златан Ибрахимовиќ и поранешниот рагбист Том Брејди кој седеше до Јелена Ѓоковиќ.
Спирова С. | Црнобело