Парис Хилтон се кае за секс снимката: „Сакав само да глумам возрасна - еден ден моите деца ќе се срамат заради мене“
- Детали
- четврток, 16 март 2023
„Ми рече: ‘Снимката е само за нас, никој друг нема да ја види’. Сакав да ме гледа како возрасна, а не како детиште“ - Парис Хилтон во новата книга детално опишува како настанала секс-снимката, а вели дека самиот начин на кој истата е снимена и монтирана се доказ дека таа немала ништо со тоа, бидејќи во спротивно ќе се средела повеќе.
Богатата наследничка Парис Хилтон сè уште тврди дека немала ништо со секс снимката што беше објавена од неа во 2001-вата година, кога таа имаше само 19 години.
Во нејзината книга мемоари Paris: The Memeoir, Парис се осврнува на нејзината секс снимка и појаснува дека сите што ја познаваат веднаш ќе сфатат дека таа немала ништо со тоа.
„Ако тоа беше моја идеја, светлото ќе беше подобро. Ќе имав добра фризура, шминка и облека. Кадрите на камерата и монтажата ќе беше подобра“ – вели таа и додава дека никогаш немало да го посвети филмот на жртвите од 9-ти септември.
Парис го сними филмот со поранешниот дечко Рик Саломон, кога тој имаше 31 година, а таа само 19.
Рик е поранешен покер играч кој двапати беше во брак со Памела Андерсон, а Парис за него вели дека бил „одвратен, арогантен“ и „совршен дечко за девојката што минува низ самодеструктивен период во животот“.
Парис сега открива дека не се сеќава премногу што се случувало вечерта кога го снимиле филмот, освен дека тој ѝ повторувал оти тоа е нешто што го прави и со другите девојки.
„Ми рече: ‘Снимката е само за нас, никој друг нема да ја види’. Потоа ми рече дека ако не прифатам да се снимам, дека ќе најде некој што лесно ќе прифати и за неа тоа било нешто најлошо во моментот – возрасниот маж да ја 'откачи' затоа што била глупаво детиште што не знае како да ги игра игрите на возарсните“ – вели богаташката.
Парис дополнува дека по лошото искуство во поправниот дом каде често била жртва на сексуално злоставување, во тој период се плашела од секс, па нејзините партнери ја нарекувале ‘фригидна’, ‘оро*пија’ или само ја обвинувале „дека глуми оргазам“.
Таа вели дека го молела Соломон да не ја објави снимката, но тој ѝ рекол дека нема намера да се откаже од бизнисот што ќе му донесе многу пари.
„Објавувањето на тоа видео ме чинеше огромна сума пари и уште поважно, ми го уништи семејството.
Никогаш нема да бидам слободна од него.
Тоа е присутно и ги чека моите деца, што еден ден ќе треба да се соочат со него“ – вели таа.
Парис зборува и за аферата што ја имала со еден од наставниците во поправниот дом каде што ја пратиле нејзините родители, а неодамна се отвори и за тоа како ѝ биле подметанти опојни супстанци и била силувана во трговски центар кога имала само 15 години.
Б. С. Б. | Црнобело