Парис Хилтон го доби првото дете од сурогат мајка, 2 месеца откако откри дека има проблеми со неплодност

Парис Хилтон пријатно ја изненади јавноста со веста дека со сопругот добиле син со помош на сурогат мајка. Пред само два месеца, мајка ѝ откри дека парот има проблеми со неплодност, по што Парис се разгневи и само спомна дека ќе стане мајка во 2023-та.

paris-hilton-go-dobi-prvoto-dete-so-surogat-majka-2-meseca-otkako-majka-otkri-deka-ima-problemi-so-neplodnost-01.jpg

Парис Хилтон и сопругот Картер Реум го добија првото дете со сурогат мајка.

41-годишната богаташка ги сподели вестите со слатка фотка на Инстаграм, со опис:

„Веќе си сакан повеќе отколку што можат да кажат зборовите“.

paris-hilton-go-dobi-prvoto-dete-so-surogat-majka-2-meseca-otkako-majka-otkri-deka-ima-problemi-so-neplodnost-002.jpg

„Отсекогаш сум сонувала да бидам мајка и многу сум среќна што се најдовме со Картер. Возбудени сме што основавме семејство и срцата ни експлодираат од љубов за нашето момче“, изјави Парис за People.

paris-hilton-go-dobi-prvoto-dete-so-surogat-majka-2-meseca-otkako-majka-otkri-deka-ima-problemi-so-neplodnost-06.jpg

Приновата на Парис Хилтон е вистинско изненадување за јавноста бидејќи пред само два месеца, нејзината мајка сподели дека ќерка ѝ пробува да остане бремена, но со Картер имаат проблеми со неплодност.

Парис се разгневи на оваа изјава ѝ рече дека со Картер планираат да станат родители во 2023-та. Сепак, таа не откри дека всушност веќе чекале да се роди детето.

Прочитајте повеќе: Мајката на Парис Хилтон: „Ќерка ми се мачи да остане бремена, но не успева – ми се крши срцето“

paris-hilton-go-dobi-prvoto-dete-so-surogat-majka-2-meseca-otkako-majka-otkri-deka-ima-problemi-so-neplodnost-03.jpg

Во декември, Парис сподели дека се обидувала да забремени со асистирано оплодување во пикот на пандемијата. Но, ни тогаш не спомна дека процедурата била успешна со сурогат мајка.

„Почнавме да се обидуваме неколку месеци бидејќи светот беше затворен. Знаевме дека сакаме семејство, и само реков: ’Ова е совршен тајминг. Обично минувам 250 дена од годината во авион, па ајде да ги подготвиме јајце клетките‘, и сега имаме многу кои нè чекаат“, изјави Парис за People.

paris-hilton-go-dobi-prvoto-dete-so-surogat-majka-2-meseca-otkako-majka-otkri-deka-ima-problemi-so-neplodnost-08.jpg

Ова е првото дете на Парис, но нејзиниот сопруг веќе има 10-годишна ќерка со ријалити ѕвездата Лора Белизи.

Но, наводно, тој нема никаков контакт со неа и ја видел само еднаш во животот. Сепак, тој ѝ помагал на мајката финансиски и не планирал да запре со тоа, без разлика што не ја гледа ќерка му.

paris-hilton-go-dobi-prvoto-dete-so-surogat-majka-2-meseca-otkako-majka-otkri-deka-ima-problemi-so-neplodnost-02.jpg

Парис и Реум се верија во февруари 2021 година, по околу една година врска. Во ноември истата година се венчаа, а прославата траеше три дена.

„Многу сакам да сум во брак. Се чувствувам како конечно да го најдов совршениот партнер и се чувствувам многу безбедно. Конечно го имам мојот дом и едвај чекам да имаме деца“, изјави Парис за саканиот кратко по свадбата.

paris-hilton-go-dobi-prvoto-dete-so-surogat-majka-2-meseca-otkako-majka-otkri-deka-ima-problemi-so-neplodnost-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Познати личности кои добија дете со сурогат мајка Покрај Марија Шерифовиќ која доби син, кои други познати личности добија дете со...
Бившиот објави нивна секс снимка, била малтертирана во поправен дом – Тажни детали од животот на Пар... Бившиот на Парис Хилтон објави нивна секс снимка и без разлика што таа беше жртв...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg