Мајката на Парис Хилтон: „Ќерка ми се мачи да остане бремена, но не успева – ми се крши срцето“

„Ми се крши срцето затоа што знам дека таа се обидува“ – рече мајката на Парис Хилтон, Кети во изјава за американските медиуми, во кои тврди дека богатата наследничка и нејзиниот сопруг се борат со неплодност и не можат да добијат дете. Како одговори Парис на овие тврдења?

majkata-na-paris-hilton-se-machi-da-ostane-bremena-no-ne-uspeva-mi-se-krshi-srceto-01.jpg

Парис Хилтон (41) која минатата година стапи во брак со Картер Реум, наводно има потешкотии со тоа да остане бремена, ако може да се верува на тврдењата на нејзината мајка Кети Хилтон.

majkata-na-paris-hilton-se-machi-da-ostane-bremena-no-ne-uspeva-mi-se-krshi-srceto-02.jpg

Кети Хилтон (63) неодамна гостуваше во американските медиуми и рече дека Парис и нејзиниот сопруг Картер имаат проблем со плодноста и дека таа ја советувала „да се опушти и да се обиде да се ослободи од стресот“.

„Ми се крши срцето затоа што знам дека таа се обидува. Многу луѓе се обидуваат, но работите не одат така“ – рече Кети.

majkata-na-paris-hilton-se-machi-da-ostane-bremena-no-ne-uspeva-mi-se-krshi-srceto-03.jpg

Од друга страна, по оваа изјава на Кети, се огласи и самата Парис која ги отфрли тврдењата на нејзината мајка и рече дека таа и Картер сакале првата година од бракот да уживаат и планот им е да станат родители во 2023-та година.

Таа на Инстаграм Стори даде свој коментар за изјавите на мајка ѝ, па рече:

„Добивам голем број пораки од луѓе што ме прашуваат кога ќе имам бебе. Вистината е дека јас и мојот сопруг сакавме да уживаме во првата година од бракот како двојка и секогаш планиравме да засноваме семејство во 2023-та година.

Вештачкото оплодување е достапно за сите, но ние сме среќни затоа што имаме голем број здрави ембриони што се подготвени и чекаат да бидат дел од нашата екипа!

Како што знаат сите, јас имам екстремно многу обврски поврзани со работа и со патувања, но возбудена сум што ќе станам мајка во 2023-та година.

Ви благодарам на сите за убавите пораки“.

majkata-na-paris-hilton-se-machi-da-ostane-bremena-no-ne-uspeva-mi-se-krshi-srceto-05.jpg

Инаку, Парис и Картер стапија во брак минатата година, по што се дозна дека тој има 10-годишна ќерка за која никој не знаел.

majkata-na-paris-hilton-se-machi-da-ostane-bremena-no-ne-uspeva-mi-se-krshi-srceto-08.jpg

Набрзо по ова, богатата наследничка излезе во јавност и рече дека таа и нејзиниот сопруг замрзнуваат ембриони, но сѐ уште не се подготвени да станат родители.

Прочитајте и Кој е и колку „тежи“ Картер Реум, новиот сопруг на Парис Хилтон, со кого направи тридневна свадба?

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg