„Најголемиот кре*ен во Холивуд“ – Хју Грант ги разочара сите со безобразноста и дрскоска кон Ешли Греам на Оскари 2023 (видео)
- Детали
- понеделник, 13 март 2023
Еден од најнепријатните моменти на синоќешното доделување на Оскарите беше интервјуто што манекенката и телевизиска водителка Ешли Греам го правеше со британскиот актер Хју Грант, а беше прогласено за најкатастрофално, заради неговата дрскост и безобразност кон неа. Видеото вирално се шири, а твитерџиите го критикуваат.
Хју Грант, кој беше еден од презентерите на Оскарите 2023, делуваше како да му е мака што е на доделувањето на наградите и како некој да го довлечкал со сила, па едвај проговори неколку збора на црвениот тепих со Ешли Греам, додека таа го интервјуираше.
Ешли го почна интервјуто со прашањето што му е омилена работа поврзана со Оскарите, на што тој одговори: „Па, фасцинантно е… целото човештво е тука“.
Греам потоа го праша што ќе му биде највозбудливо да види на доделувањето на наградите, а Грант изгледаше збунет, па одговори дека не е возбуден и дека му е сеедно за презентациите и наградите.
Популарната плус-сајз манекенка го праша Грант каков смокинг носи, на што тој повторно дрско одговори:
„Само мојот костум. Не можам да се сетам на мојот кројач“, рече ѕвездата на Notting Hill.
За да не ѝ пропадне интервјуто, се обиде да го спаси, па Греам го праша Грант за неговата улога во филмот Knives Out, а неговиот одговор гласеше:
„Па бев во филмот само околу три секунди“.
Манекенката уште еднаш проба да ја извлече ситуацијата, па праша: „Да, но сепак се појави и се забавуваше нели?“, на што Грант ѝ одговори: „Речиси“.
Погледнете го видеото:
ESTE MOMENTO, DIOS MIO. #HughGrant#Oscars pic.twitter.com/JaQVnYfWNc
— PCh (@ChiriAnagonye) March 12, 2023
По ова фановите го искритикуваа Грант на Твитер и го нарекоа „најголемиот кре*ен во Холивуд“.
„Оскарот за типот што тотално не сака да биде таму, го добива Хју Грант“, пишува во еден твит.
And the Oscar for the guy who totally doesn't want to be there goes to Hugh Grant. #Oscars pic.twitter.com/Gq6Q3n1EEU
— Lance Ulanoff (@LanceUlanoff) March 12, 2023
„Оскарот за најдобра женска улога оди кај Ешли Греам, која му рече на Хју Грант ’ми беше убаво да разговарам со тебе‘“, напиша магазинот „Rolling Stone“.
And the Oscar for Best Actress goes to Ashley Graham telling Hugh Grant “it was nice to talk to you” pic.twitter.com/EhENpbME3r
— Rolling Stone (@RollingStone) March 12, 2023
Инаку, Грант заедно со актерката Енди Мекдауел ја додели наградата за најдобар продукциски дизајн.
На сцената тој делуваше дека се забавува, па дури и се пошегува дека и на 62 години изгледа младо бидејќи користи добар хидратен крем.
Прочитајте и Лејди Гага буквално го „соблече“ гламурот од себе на Оскари 2023 и настапи без грам шминка во скинати фармерки (фото)
А. Ј. | Црнобело