Ешли Греам првпат на модното шоу на Victoria’s Secret – ги покажа облините во црно боди од тантела (фото)

Со црно боди од тантела и крилја украсени со златни цветови, Ешли Греам го имаше своето деби на модното шоу на Victoria’s Secret. Таа вели дека ја прифатила понудата за учество во ревијата, само откако од брендот ѝ кажале дека повеќе ќе се фокусираат и на плус-сајз девојки, како неа, а не само на супермодели со совршени тела.

eshli-gream-prvpat-na-modnoto-shou-na-victoria-s-secret-gi-pokazha-oblinite-vo-crno-bodi-od-tantela-foto-01.jpg

Вчера (15.10) се одржа познатото модно шоу на Victoria’s Secret, по неколкугодишна пауза.

Покрај познатите модели кои многупати биле дел од препознатливото шоу, на ревијата своето деби го имаше Ешли Греам.

Ешли веќе има завидна кариера како модел, но ова е првпат да учествува во ревија на овој бренд.

eshli-gream-gi-pokazha-oblinite-na-modnoto-shou-na-victoria-s-secret-vo-crno-bodi-od-tantela-i-zlatni-krilja-foto-06.JPG

За магазинот People, Ешли вели дека сакала да биде дел од шоуто за да им даде глас и на жените со облини, кои обично не се претставени во светот на модата.

36-годишната Ешли се појави со црно боди од тантела, во комбинација со наметка.

Секако, носеше и крилја кои беа украсени со златни цветови.

eshli-gream-gi-pokazha-oblinite-na-modnoto-shou-na-victoria-s-secret-vo-crno-bodi-od-tantela-i-zlatni-krilja-foto-02.JPG

Модното шоу на брендот за долна облека не се одржуваше скоро шест години, а Ешли вика дека била пресреќна кога ја побарале за големиот камбек.

Брендот беше критикуван поради екстремно слабите модели, а Ешли вели дека е голем чекор напред што сега вклучуваат и плус-сајз модели.

eshli-gream-gi-pokazha-oblinite-na-modnoto-shou-na-victoria-s-secret-vo-crno-bodi-od-tantela-i-zlatni-krilja-foto-03.JPG

„На почетокот, кога ме прашаа дали сакам да учествувам во шоуто, се двоумев, бидејќи со години ми беше тешко да бидам дел од овој бренд…

За многу од нас беше тешко да растеме со овој бренд бидејќи не секогаш имаше соодветни големини за нас.

Кога зборував со главните во Victoria’s Secret, ми кажаа дека планираат да прават и други големини, па реков дека сакам да учествувам и да им помогнам на повеќе жени да се видат себеси на пистата“.

Кликнете на Инстаграм објавите за да ги изгледате видеата:

За потсетување, последното модно шоу на брендот беше во 2018 година.

Имаше планови за ревија и во 2019-та, но беше откажана поради критики од јавноста.

eshli-gream-gi-pokazha-oblinite-na-modnoto-shou-na-victoria-s-secret-vo-crno-bodi-od-tantela-i-zlatni-krilja-foto-04.JPG

Имено, многумина негодуваа бидејќи моделите што ги најмува брендот се само високи и слаби девојки.

Поради пандемијата, пропаднаа плановите и за наредни ревии, па брендот го промени менаџерскиот тим и откри дека ќе прави пауза додека не направи драстична промена.

eshli-gream-gi-pokazha-oblinite-na-modnoto-shou-na-victoria-s-secret-vo-crno-bodi-od-tantela-i-zlatni-krilja-foto-07.JPG

Промените во годинешното шоу вклучуваат плус-сајз модели, како Ешли Греам, но и трансродови модели.

eshli-gream-gi-pokazha-oblinite-na-modnoto-shou-na-victoria-s-secret-vo-crno-bodi-od-tantela-i-zlatni-krilja-foto-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Анорексија, бурен развод – Како славата им го уништи животот на Мери Кејт и Ешли Олсен? Мери Кејт имаше анорексија, а среде пандемијата поранешниот сопруг ја избрка од ...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Рајан Гослинг под капа ја крие косата, дечкото на Кејт Мос со дупка во чевлите: Фото-докази дека и ѕ... Адријана Лима прошета со партнерот во црно сако и патики, Том Хенкс покажа дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg