Џон Траволта емотивен за роденденот на синот, кој почина на 16 години по епилептичен напад: „Ќе те сакам засекогаш“
- Детали
- понеделник, 14 април 2025
Денес би бил 33-иот роденден на Џет – синот на Џон Траволта и Кели Престон кој почина во 2009 година. Џет имаше аутизам, како и епилептични напади, а по еден ваков напад си ја удрил главата и им подлегнал на повредите во болница.
Со кратка, но емотивна објава, Џон Траволта се присети на неговиот починат син Џет на датумот на неговиот роденден. На 13-ти април, Џет, кој почина во 2009-та, би полнел 33 години.
Актерот сподели стара фотка од него и син му, со опис:
„Среќен роденден Џет – многу ми недостасуваш! Ќе те сакам засекогаш“.
71-годишниот актер секоја година објавува за роденденот на починатиот син, а лани напиша дека не минува ниту еден ден, а да не помисли на него.
Актерот го доби Џет со сопругата Кели Престон, која исто така е почината. Кели имаше рак на дојка и ја изгуби битката со болеста во 2020 година.
Освен Џет, тие добија и ќерка - Ела - која денес има 25 години.
Џон честопати зборува за смртта на син му и не крие колку му било тешко да се справи со загубата.
„Тоа е најлошото нешто што ми се случило во животот. Реалноста е дека не бев сигурен дали ќе успеам да го надминам тој период.
Животот повеќе не ме интересираше, па требаше да се потрудам многу за да се подобрам. Засекогаш ќе ѝ бидам благодарен на скиентолошката црква која ме поддржуваше две години, од понеделник до недела.
Не земаа слободни денови, работеа со разни техники за да ми помогнат да ја надминам тагата, да направат да почувствувам дека конечно ќе можам да живеам“, изјави актерот во 2014 година.
Што се случи со Џет кој почина на само 16-годишна возраст?
Џет имаше аутизам, како и нарушување познато како Кавасакиева болест (или Кавасаки болест).
Заболувањето предизвикува воспаление и отоци во крвните садови низ целото тело, а се третира со инфузија, како и пиење висока доза аспирин секој ден.
Кели Престон откри дека Џет ја има болеста во 2003-та, односно кога детето имаше само две години.
„Одеднаш беше многу болен, но изгледаше како да има грип. Болеста предизвикува отекување во органите, значи може да отече и срцето. Имаше моменти кога мислевме дека сме го изгубиле“, откри Кели.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





