Хју Џекмен се разведе по 27 години поради колешка: Која е Сатон Фостер, жената што го уништи бракот на актерот?
- Детали
- недела, 17 ноември 2024
„Не е тајна дека имаа афера. Сите на Бродвеј знаеја, но молчеа, зашто и двајцата се прекрасни луѓе и, едноставно, оставија тоа да биде нивна приватна работа, а не да озборуваат“. Дали ѕвездата на Younger го уништи бракот на Хју Џекмен?
Австралискиот актер Хју Џекмен лани ја изненади јавноста кога откри дека се разведува од 13 години постарата сопруга, Дебора Ли Фурнес, по 27 години брак.
И покрај разликата во години, Хју и Дебора важеа за еден од најзаљубените парови во Холивуд, со најскладен брак.
Но, деновиве во светските медиуми наголемо се пишува дека причината за разводот е аферата на Хју со актерката Сатон Фостер, со која глумеше заедно во претставата Music Man на Бродвеј.
Парот настапуваше заедно скоро една година, од февруари 2022 до јануари 2023 година, а во септември 2023, Хју ги поднесе документите за развод.
Во заедничкото соопштение со Дебора напишаа дека „секогаш ќе имаат љубов еден за друг, но дека е време секој да тргне по својот пат“.
Скоро една година подоцна, се појави информацијата дека аферата на Хју и Сатон била причина за разводот, но и дека голем број од актерите и луѓето вклучени во мјузиклот знаеле за нивната врска.
„Не е тајна дека Хју и Сатон имаа афера. Но, сите молчеа затоа што и двајцата се прекрасни луѓе, и едноставно, оставија тоа да биде нивна приватна работа, а не да озборуваат“, изјавил неодамна за US Weekly анонимен извор.
Истиот извор вели и дека Дебора била меѓу последните што дознала за аферата, и дека сакала да го спаси бракот, но врската на Хју и Сатон, сепак продолжила.
Пред неколку дена и Сатон поднесе барање за развод, што дополнително ги потврди гласините за љубовта со Хју.
Што знаеме за Сатон Фостер, жената која наводно го уништи бракот на Хју Џекмен и Дебора ли Фурнес?
Родена е 1975 година во државата Џорџија.
Актерка е повеќе од 30 години и најмногу настапувала во телевизиски драми и во театар.
Има завидна театарска кариера, а меѓу другите, ги глумеше Сенди во Grease и Фиона во Shrek: The Musical.
Публиката дозна за Сатон кога ја доби главната улога во серијата Younger („Помлада“), која имаше неверојатен успех во светот.
Од 2006 до 2009 година беше мажена за Кристијан Борл.
По 4 години откри дека е во врска со Тед Грифин, сценарист на филмот Osean’s 11.
Парот се венча во 2014 година, а потоа ја добија и ќерката Емили (7).
А. Ј. | Црнобело