По 27 години, Хју Џекмен се разведува од 13 години постарата сопруга: Најзаљубениот холивудски пар стави крај на бракот

„Бевме благословени да поминеме речиси 3 децении заедно како маж и жена во прекрасен брак со љубов. Нашите патувања сега се менуваат и решивме да се разделиме за да продолжиме со личен развој. Нашето семејство било и секогаш ќе биде наш најголем приоритет“ - стои во соопштението на Хју Џекмен и неговата сопруга.

hju-dzekman-01.jpg

Австралискиот актер Хју Џекмен (54) и неговата сопруга Дебора Ли Фурнес (67) се разведуваат по 27 години брак. Иако Дебора е 13 години постара од Хју, тие важеа за еден од најзаљубените холивудски парови.

Хју и Дебора издадоа заедничко соопштение во кое велат дека и понатаму чувствуваат љубов еден кон друг, но дека е време да се разделат.

hju-dzekman-04.jpg

„Бевме благословени да поминеме речиси 3 децении заедно како маж и жена во прекрасен брак со љубов. Нашите патувања сега се менуваат и решивме да се разделиме за да продолжиме со личен развој. Нашето семејство било и секогаш ќе биде наш најголем приоритет.

Во ова следно поглавје влегуваме со благодарност, љубов и добрина. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност додека семејството се движи низ оваа транзиција во нашите животи“, пишува во заедничката изјава што ја дадоа за магазинот People.

hju-dzekman-03.jpg

Тие се запознале во 1995 година на снимањето на австралиската ТВ серија Corelli и брзо се заљубиле.

Иако Хју бил сигурен дека еден ден ќе се ожени за неа, во тој период Дебора не била заинтересирана за сериозна врска, особено со некој 13 години помлад од неа.

hju-dzekman-05.jpg

Но, тој успеал да ја премисли и само 11 месеци по нивната прва средба, во 1996 година, тие се венчале во Австралија.

Бидејќи Дебора веќе била во нејзините 40-ти години, тие веднаш почнале да се обидуваат да станат родители, но сè било безуспешно, дури и обидите за вештачко оплодување.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-12_copy.jpg

Во 2000 година Хју и Дебора одлучиле да посвојат дете – синот Оскар Максимилијан (23). Пет години подоцна тие ја посвоиле и ќерката Ава Елиот (18).

Долги години важеа за еден од најхармоничните и најсреќни парови во Холивуд и токму затоа веста за нивниот развод изненади многумина.

hju-dzekman-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg