Сопругот на Кјара Ферањи, по операцијата поради тумор на панкреас – сосема гол го покажува истетовираното тело (18+)
- Детали
- четврток, 19 јануари 2023
По тешкиот период од животот, Федез направи огромна тетоважа посветена на неговите деца, кои му дале сила да се бори со болеста, и се снимаше сосема гол за да ја прикаже.
Сопругот на најпознатата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи, италијанскиот музичар Федез, во првата половина на 2022-ра година на 32 години имаше операција на абдомен и откри дека станува збор за невроендокрин тумор на панкреасот.
По овој тежок период од нивниот живот, тој и Кјара продолжија понатаму посилни, фокусирани на себе и семејството.
Постојано патуваат со нивните две дечиња и неретко фотографирајќи се голи посочуваат дека не им е грижа што мислат другите и го живеат животот така како што тие сакаат.
Неодамна позираа разголени на снег за време на нивниот зимски одмор.
Но, деновиве Федез отиде чекор понатаму и се сликаше и снимаше сосема гол, за да ја покаже огромната тетоважа на неговото тело, која му е триумф на тешкиот период кој е зад него, а е посветена на неговите деца.
„Фениксот ја стиска иглата на конците во канџите и повторно се раѓа од пепелта што ја создава огнот запален од моите деца.
За силата што ми ја дадоа во ова ново поглавје од мојот живот.
Леоне и Виторија“, напиша тој.
Неговата нова тетоважа (на стрелката двапати десно има и видео):
Неколку семејни фотографии од нив:
Прочитајте и Сопругот на Кјара Ферањи: „Ми дијагностицираа невроендокрин тумор на панкрасот, имав операција од 6 часа“
С. С. | Црнобело