Ривалки па повторно другарки - Ким Кардашијан мета на потсмев заради аутфитот во кој се појави на забавата на Парис Хилтон (фото)
- Детали
- вторник, 20 декември 2022
„По скандалите изгледа веќе нема дизајнери за да ја облекуваат“, „Изгледа како 15-годишна тинејџерка што родителите ја натерале да оди на забава“, „На толку пари и се облекува така?“ – стои во дел од коментарите до фотографиите од божиќната забава на Парис Хилтон.
За време на викендот Ким Кардашијан се појави на божиќната забава кај некогашната ривалка Парис Хилтон, а она што на многумина им падна во очи е аутфитот што ријалити ѕвездата избрала да го носи на забавата.
Додека сите се облечени во луксузни фустани со црвени тонови, Ким Кардашијан и мајка ѝ Крис Џенер најверојатно на забавата дошле директно од роденденската забава на синот на Кортни, Мејсон Дисик, па се појавија во црна облека.
Ким на себе носи црна избледена маица и кожни пантолони, а Крис е во црн костум, но во коментарите до објавените фотографии сите коментираат за „промашениот изглед“ на Ким.
Додека едни ја оправдуваат со тоа дека немала време да се пресоблече, други почнаа да коментираат дека Ким е милијардерка и не ѝ доликува да се облекува така.
„Како да ја позајмила облеката од сестра ѝ Кортни“, „Се облекла како да оди на рок концерт, а не на божиќна забава“, „По се изгледа облеката што требало да ја носи била од дизајнер што веќе не може да го носи... има повеќе скандали во моментов“, „Сите се облечени убаво, а Ким изгледа како 15-годишна тинејџерка што била присилена да оди на забавата на нејзините родители“, „Зошто стои така, да не сака нешто да ни каже?“ – се вели во дел од коментарите.
Инаку, Ким и Парис долго време не беа во добри односи, заради тоа што откако ријалити ѕвездата стекна светска слава, богатата наследничка удри со критики за нејзиниот начин на живот.
Работите ескалираа откако Парис стави лајк на хит меме во кое се тврдеше дека Ким треба да ѝ се заблагодари на поранешната другарка за славата.
Тие беа во лоши односи сѐ до 2018-та година кога одлучија да стават крај на војната и да ги подобрат односите. Дека двете девојки повторно се во добри односи сведочи и фактот што Ким беше на списокот на поканети на божиќната забава кај Хилтон, иако најверојатно следната година Парис на поканите ќе мора да напише и кодекс на облекување.
Прочитајте и Од другарки и соработнички до непријателки: Односот на Ким Кардашијан и Парис Хилтон (фото)
Б. С. Б. | Црнобело