Од другарки и соработнички до непријателки: Односот на Ким Кардашијан и Парис Хилтон (фото)
- Детали
- недела, 04 февруари 2018
Изгледа некогашните пријателки ја закопаа воената секира и повторно се во добри односи.
Пријателството на Парис Хилтон и Ким Кардашијан мина низ многу нагорнини и падови во текот на годините.
Наследничката на синџирот хотели е токму личноста која му ја претстави Ким Кардашијан на светот.
Кога ќе помислите на времињата кога Парис беше дива трендсетерка, сигурно помислувате на Никол Ричи како нејзина најдобра пријателка. Тие владееја со ноќните клубови и појавувањата на црвениот тепих, но во нивно друштво често беше уште една девојка – Ким Кардашијан.
Ким и Парис биле пријателки уште како деца, а Ким дури и работела како нејзина асистентка.
Потоа работите се променија, Ким стекна светска слава, а Парис удри со критики по нејзиниот начин на живот.
До неодамна беа скарани, но сега Парис се појави во улогата на Ким на модното шоу на Канје Вест, па изгледа дека некогашните пријателки ги оставиле несогласувањата зад себе и повторно се во добри односи.
Некои американски медиуми дури претпоставуваат дека Ким ќе биде една од девериците на свадбата на Парис.
Дел од заедничките мигови на Ким и Парис:
С. С. | Црнобело