„Сакав да умрам, срцето ми беше скршено“ - Џеј Ло искрена за раскинувањето со Бен Афлек пред 18 години (видео)
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
„Не одам никаде...“ Овие зборови Бен Афлек ги изгравирал на вереничкиот прстен со кој годинава ја побара Џенифер Лопез за сопруга. Пејачката за првпат искрено говореше за раскинувањето на свршувачката во 2004-та година и призна дека 18 години нејзините чувства за него биле непроменети.
Во најново интервју Џенифер Лопез (53) говори за раскинувањето на свршувачката со Бен Афлек (50) пред 18 години и за тоа како се чувствувала кога во 2004-та година решиле да стават крај на врската.
„Беше толку многу болно кога раскинавме. Тоа што ја откажавме свадбата пред 20 години во целост ми го скрши срцето. Сакав да умрам.
Во следните 18 години постојано правев грешки и не можев да ја најдам вистинската љубов. Но, сега 20 години подоцна, конечно имаме среќен крај, како што ретко се гледа во Холивуд“ – вели таа.
Џенифер ги обвини медиумите за огромното внимание што им го посветувале за време на првата врска и рече дека тоа била една од главните причини зошто одлучиле да стават крај на свршувачката пред 18 години, но сега вели дека се повозрасни и дека се посигурни во нивните чувства од претходно.
„Мислам дека сега сме повозрасни. Сега не поставуваме прашања од типот: ’Ајде да видиме како ќе биде’, туку знаеме дека сме заедно до крај и дека ќе останеме заедно“- вели таа.
Прочитајте и „Отсекогаш беше опседната со Бен“: Како се смирија бившите свршеници Џеј Ло и Бен Афлек?
Бен и Џеј Ло се толку многу сигурни во нивната љубов што пејачката откри дека актерот, на прстенот со кој што ја запросил, ги изгравирал зборовите: „Не одам никаде“.
„Така се потпишуваше на сите мејлови кога почнавме пак да се допишуваме. Секогаш ми велеше: ‘Немој да се грижиш, не одам никаде’“ – вели таа.
Џенифер вели дека Бен ѝ е најголем обожавател и дека неговата поддршка ја инспирира и ја полни со емоции.
Таа открива дека во мигот кога повторно се смириле, пејачката добила голема инспирација да пишува и да создава нова музика.
Таа најави дека наскоро публиката ќе има можност да го проследи нејзиниот најнов албум што ќе биде насловен „This is me Now“, што ќе биде одговор на албумот што го објави пред 20 години пред раскинувањето со Бен, што беше насловен „This is me Then“.
Пејачката откри дека долго време одбивала да ги пее песните од тој албум затоа што чувствувала дека тој ја предвидел иднината и крајот на нивната врска.
Инаку, за потсетување, Бен и Џенифер, откако ја раскинаа свршувачката во 2004-та година, стапија во брак со други луѓе: таа со пејачот Марк Ентони, тој со актерката Џенифер Гарнер.
Во 2021-ва година одлучија да ѝ дадат втора шанса на врската, а годинава прво се венчаа во тајност во Лас Вегас, по што направија луксузна свадба на имотот на Бен во Џорџија.
Прочитајте и Овојпат засекогаш: Први фотки од гламурозната свадба на Џеј Ло и Бен Афлек – венчаницата се влече 6 метри, гостите се во бело
Б. С. Б. | Црнобело