-->
Нивната врска беше една од подолгите во Холивуд, речиси 10 години беа во брак, поминаа заедно и лошо и добро, а добија 3 деца – Како изгледаше врската на Бен Афлек и Џенифер Гарнер во минатото, а каков е денес нивниот однос откако тој ја обвини неа за пороците и се смири со Џеј Ло?
Бен ја започна врската со Џенифер Гарнер веднаш откако ја раскина свршувачката со Џенифер Лопез во 2003-та година, а денес, 18 години подоцна во едно интервју ја обвини дека најверојатно немало да се откаже од пороците доколку останел во брак со неа.
-->
Своевремено важеа за „златниот пар“ во Холивуд, нивните фотографии на кои се среќни и се бакнуваат речиси секогаш наоѓаа место во таблоидите, а денес често ги гледаме како отворено се расправаат на улица.
Во продолжение да се потсетиме како изгледаше врската на познатиот холивудски пар низ фотографии:
Бен и Џенифер се запознаа во 2000-та година на снимањето на Pearl Harbor. Џенифер во тоа време беше во брак со Скот Фоли, а актерот брзо потоа ја почна врската со Џеј Ло.
Бен и Џенифер Гарнер повторно се сретнаа во 2002-та година на снимањето на филмот Dardevil, но тврдеа дека се само пријатели иако меѓу нив постоеше видлива хемија.
-->
-->
-->
Во 2004-та година, откако Џенифер Гарнер се разведе со Скот Фоли, а Бен ја раскина свршувачката со Џеј Ло, парот за првпат се појави заедно на бејзбол натпревар. Од фотографиите беше јасно дека двајцата актери се во врска.
-->
Во 2005-та година парот се венча, а Џенифер ја роди нивната прва ќерка Вајолет. Едни од највпечатливите фотографии од тој период се оние направени за време на бејзбол натпревар каде Џенифер е со труднички стомак.
Во 2007-ма година Бен и Џенифер беа заедно на доделувањето на наградите „Златен глобус“.
Во 2008-ма година Бен ја очекуваше втората ќерка Серафина. Иако се знае дека актерот никогаш не ги сакал папарацo фотографите, мора да признаеме дека успеале да уловат некои незаборавни мигови.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира: