„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн

„Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до фрижидерот“.

nemam-dechko-nemam-problemi-zabavni-citati-za-onie-koi-sami-kje-go-proslavat-valentajn-01.jpg

Последните неколку години и кај нас сè повеќе е актуелен Денот на вљубените, особено кај помладата популација. Но, за оние кои 14-ти февруари го поминуваат без партнер или партнерка, овој ден нема особено значење.

Без разлика дали ви е првпат на овој ден да бидете сами или пак најчесто е тоа така, најважно е да сфатите дека среќата не доаѓа од некој друг, туку самите треба да ја пронајдете во себе, и ако така сте задоволни, сте постигнале многу во животот.

Забавувајте се и на забавен начин истакнете го вашиот статус „слободен/а“ за Денот на вљубените преку некои од овие интересни цитати:

„Денот на вљубените го поминувам со мојата единствена вистинска љубов: пицата“.

„Немам партнер, немам проблеми“.

„Не грижи се за мене: Ќе уживам во секој момент од овој Ден на вљубените, правејќи што сакам“.

„Имам закажано за Денот на вљубените. Се договорив со Нетфликс“.

„Сингл сум за Денот на вљубените затоа што не сум нашла некој кој би можел да се справи со мојата неверојатна моќ“.

„Денот на вљубените е, што значи дека ќе можам да си купам што ќе посакам“.

denot-na-vljubenite-go-pominuvam-so-mojata-edinstvena-vistinska-ljubov-picata-interesni-citati-za-onie-koi-kje-go-pominat-sami-denot-na-vljubenite-02.jpg

„Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до фрижидерот“.

„Можеби не се будам со маж, но се будам со кафе. А, кафето не го крие телефонот и не лаже кога зборува со други жени“.

„Не сум сингл. Само имам врска на далечина затоа што мојот партнер живее во иднината“.

„Да се биде сингл е сосема добро. Одлично е да се биде недоговорен“.

nemam-dechko-nemam-problemi-zabavni-citati-za-onie-koi-sami-kje-go-proslavat-valentajn-02.jpg

„Денот на вљубените е за оние со партнери. Ние слободните ги имаме останатите 364 дена во годината за да уживаме“.

„Да се биде сингл за Денот на вљубените не значи дека нема да имам одлична и вкусна вечера. Тоа само значи дека нема да треба да ја поделам со некој“.

„Кутија чоколадо е поевтина од вечера за двајца. Среќен ден на вљубените!“

„Една од најголемите предности да се биде слободен е тоа што сте 100% сигурни дека не сте се вплеткале со погрешна личност…“

„Да се биде сингл не значи дека никој не ве сака. Тоа значи дека Бог сè уште ја пишува вашата љубовна приказна“.

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg