Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис
Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил жена. Но, ова не го натерало да се откаже од порокот, по што актерот, мајка му и брат му одлучиле да го напуштат. Детали од животот на Чак Норис што веројатно не ги знаевте.
Кога некој ќе ви го спомне Чак Норис, веројатно помислувате на шеговитите „факти“ за него.
Благодарение на улогите, актерот стана познат како семоќна личност и на негова сметка сме слушнале безброј шеги.
Сепак, пореалните факти за актерот не се секогаш смешни и забавни. Напротив, актерот се соочил со многу трагедии во својот живот.
Факти за Чак Норис:
Татко му бил алкохоличар
Таткото на Чак Норис – Реј – бил воен ветеран од Втората светска војна.
Додека бил на бојното поле, актерот откри дека во еден период мајка му добила порака од надлежните дека не знаат каде е.
Кога конечно се вратил дома, бил истрауматизиран од војната, а ова го влошило неговиот проблем со алкохолот.
Па, актерот и семејството морале да се справуваат со неговиот алкохолизам.
„Кога беше пијан, стануваше гневен и за најмалите работи. Ако слушнеше дека тече некоја чешма кога беше мамурен, ќе ’експлодираше‘ од гнев и се закануваше.
Додека мајка ми пробуваше да го смири, јас и брат ми се криевме во спалната“, пишува актерот во неговите мемоари.
Татко му прегазил жена додека возел пијан
Чак Норис целото детство се молел дека татко му ќе се ослободи од порокот. Но, тоа никогаш не се случило и проблемот кулминирал кога татко му удрил жена со автомобил додека возел под дејство на алкохол.
Жената починала, по што татко му бил испратен на камп за да врши општокорисна работа.
Кај актерот се родила надеж дека ова ќе го мотивира да остане трезен. Но, штом бил ослободен, татко му се упатил во бар.
Во мемоарите, актерот открива дека татко му станал поагресивен, а еднаш и ја удрил мајка му.
Со цел да го спречи, Чак Норис му се заканил со чекан. По ова станало јасно дека тој никогаш нема да се справи со порокот, па со мајка му и брат му го напуштиле.
Брат му загинал во војната во Виетнам
И брат му на Чак Норис бил воен ветеран, но во Виетнамската војна. За жал, овде и загинал.
Поради ова, актерот кој себеси се смета за патриот, најостро ја осудува војната во Виетнам.
„Јас сум оние луѓе кои се вистински патриоти. Но, кога ќе помислам, кога ќе сфатам каква војна беше тоа… Тоа беше војна за финансиска добивка, а не за принцип.
Тоа беше војна која не можеше да биде победена и мора да бидеме внимателни за овие работи во иднина“.