Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис

Има вонбрачна ќерка за која не знаел долг период

Додека бил во брак со првата сопруга, актерот имал афера со жена по име Џоана.

Таа останала бремена, но Чак Норис не знаел за ова.

Скоро три децении подоцна, тој добил писмо од девојка која тврдела дека му е ќерка.

Наводно, девојката сакала да го запознае татко ѝ, но мајка ѝ Џоана ја убедила да не го контактира за да не му го уништи бракот.

brat-mu-zaginal-vo-vietnam-tatko-mu-bil-alkoholichar-vistinski-fakti-za-chak-noris-07.jpg

Па, штом Чак Норис се развел, девојчето му напишало.

Подоцна актерот изјави дека бил сигурен дека му е ќерка веднаш штом ја видел.

Откри и дека побарал прошка од Јоана, како и дека жали за сите изгубени години со ќерка му.

brat-mu-zaginal-vo-vietnam-tatko-mu-bil-alkoholichar-vistinski-fakti-za-chak-noris-08.jpg

Неговата сопруга имаше сериозни проблеми со здравјето

Од 1998 година, актерот е во брак со Џина Окели, која му е втора сопруга.

До 2017-та, фановите на Чак Норис почнаа да забележуваат дека тој посетено се повлекува од јавниот живот. Па, актерот реши да се огласи со изјава за The Washington Post:

„Изминативе неколку години, мојот главен фокус беше здравјето на Џина“.

Актерот откри дека на Џина ѝ била направена магнетна резонанца бидејќи постоела опасност да развие ревматоиден артритис.

По тестот, почнале да ѝ се јавуваат низа симптоми како трнење, но и проблеми со говорот.

brat-mu-zaginal-vo-vietnam-tatko-mu-bil-alkoholichar-vistinski-fakti-za-chak-noris-09.jpg

Актерот тврдеше дека симптомите ѝ биле предизвикани од контрастните агенси кои ги примаат пациентите за да се добие подобра слика на магнетната резонанца.

Џина самата изјави дека по тестот, многупати одела во болница и болничките трошоци ѝ изнесувале 2 милиони долари.

Актерот, пак, почна јавно да зборува за потенцијалната опасност од агенсите. Важно е да се напомни дека нема доказ дека овие агенси се опасни за луѓето.

„Нешто се случува овде, таа умира, умира пред моите очи“, изјави актерот кој подоцна поднесе и тужба против компанијата која ги произведува агенсите.

Сепак, подоцна самиот ја повлече тужбата.

Денес е познато дека Џина има ревматоиден артритис, а наводно другите симптоми се повлекле.

brat-mu-zaginal-vo-vietnam-tatko-mu-bil-alkoholichar-vistinski-fakti-za-chak-noris-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg