Џеј Ло открива детали за второто запросување на Бен: „Бев гола во када кога дојде и ме побара за жена“
- Детали
- среда, 13 април 2022
Џеј Ло сподели детали од запросувањето откривајќи дека Бен Афлек ја „начекал“ целосно неподготвена додека уживала во пенлива купка. Пејачката вели дека запросувањето не било воопшто гламурозно, но дека било најромантичното нешто што ѝ се има случено.
Беше прашање на време кога Бен Афлек ќе ја запроси Џеј Ло по вторпат, а сега 52-годишната пејачка откри и како изгледало запросувањето.
Во видео објава на Инстаграм и нејзиниот веб-сајт, Џеј Ло открива дека била гола во када кога 49-годишнот актер ѝ го поставил прашањето.
Џеј Ло воопшто не се двоумела пред да му каже „Да“ и истакнува дека не ѝ се верувало дека Бен ја запросува речиси 20 години по неуспешната свршувачка.
„Дали некогаш сте си замислиле како би изгледало ако ви се исполни најголемиот сон? Во недела навечер додека бев на моето омилено место (пенлива купка), мојата љубов клекна на колено и ме запроси“, пишува во објавата на сајтот на Џеј Ло.
„Воопшто не очекував и само го погледнав во очи смеејќи се и плачејќи во исто време, обидувајќи се да се убедам дека по 20 години ова се случува повторно. Бев буквално без зборови и тој ми рече ’Дали ова значи да?‘ Јас му реков ДА, секако дека значи ДА.
Се смеев и солзите ми течеа по лицето, се чувствував неверојатно среќно и исполнето“.
Пејачката вели дека запросувањето не било воопшто гламурозно, но за неа било совршено.
„Воопшто не беше гламурозно, но тоа беше најромантичното нешто што можев да си го замислам… Тивка неделна ноќ дома, двајца луѓе си ветуваат дека секогаш ќе бидат овде еден за друг. Двајца многу среќни луѓе кои добија втора шанса за вистинска љубов“.
Џеј Ло и претходно изјави дека зелената боја – како дијамантот на прстенот – ѝ е среќна и омилена, а сега уште еднаш го потврди тоа.
„Зелената отсекогаш ми била среќна боја и сега, со сигурност, секогаш ќе биде“.
Пејачката сподели и видео на кое зборува за запросувањето.
„Верена сум! Беше потполно неочекувано. Мојата љубов влезе, Бен влезе и клекна на едно колено и ми кажа некои работи што никогаш нема да ги заборавам, го извади прстенот и ми рече ’Ќе се омажиш ли за мене‘. И, тоа беше најсовршениот момент“.
„Ми даде прстен и рече дека е зелен дијамант. Зелената е мојата омилена боја. Очигледно сега засекогаш ќе ми биде и среќна боја. Навистина значи кога некој мисли на вас, ве сака и ве забележува. И запросувањето беше најсовршениот момент. Многу сум среќна. Реткост е да добиете втора шанса за вистинска љубов.
Џеј Ло и Бен Афлек првпат ја почнаа врската во 2002 година, се верија и планираа да направат венчавка во 2003-та. Сепак, ја откажаа венчавката и во 2004-та се разделија.
Парот ја обнови врската речиси 20 години подоцна, односно во април минатата година.
И Џеј Ло и Бен Афлек имаат деца од претходни бракови – пејачката ги има близнаците Еме и Максимилијан со поранешниот сопруг Марк Ентони, додека актерот е татко на Вајолет, Серафина и Семјуел кои ги доби со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
Спирова С. | Црнобело