„Отсекогаш беше опседната со Бен“: Како се смирија бившите свршеници Џеј Ло и Бен Афлек?

Тие без лудо вљубени, се свршија, планираа живот заедно, но во 2004 година се разделија и брзо стапија во брак со други луѓе. Дали овојпат љубовта на Џеј Ло и Бен Афлек ќе биде посилна од „демоните“ на Бен?

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-01.jpg

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа пар пред две децении. Сега – по разводи, рехабилитација и скандали со неверства, златниот пар од 2000-тите изгледа повторно е заедно. Соединувањето на „Бенифер“ ги воодушеви фановите.

Изминатиов месец Џеј Ло (51) и Бен Афлек (48) изгледа ја обновија романсата од младоста која им траеше 2 години. Заедно појдоа на романтично патување во Монтана, откако Џеј Ло се раздели од свршеникот Алекс Родригез. Потоа беа заедно на Мајами.

Извор близок до пејачката вели: „Таа отсекогаш беше опседната со Бен. Тие отсекогаш се сакаа.“

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-02.jpg

Неодамна беа „уловени“ заедно во фитнес центар, а извори оттаму велат дека наводно се бакнувале и изгледале лудо вљубени, иако нема фото докази за тоа.

На фотографиите се гледа дека Бен го носи часовникот со кој се појави во видео спотот на Џеј Ло од 2002 година за песната „Jenny From The Block“.

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-15.jpg

Парот се раздели во 2004 година и брзо потоа двајцата пронајдоа нови партнери. Џеј Ло се омажи со Марк Ентони по само 5 месеци, а 6 месеци подоцна Бен Афлек се ожени со Џенифер Гарнер.

Па, како по толку време Џеј Ло и Бен Афлек се смирија? Ќе биде ли ова најсезнационалната љубовна приказна во Холивуд или и втората шанса ќе заврши неславно?

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-08.jpg

Сѐ започна кога Бен Афлек се раздели со својата девојка Ана де Армас (33) со која беше во врска една година и на фотографиите изгледаа вљубени до уши.

Неколку дена подоцна почна страствено да ја брани Џеј Ло кога изјави дека не знае зошто луѓето се толку злобни кон неа и дека таа заслужува почит за сета работа што ја има сработено и за сѐ што постигнала.

Потоа во месец март тој повторно ја фалеше кога кажа дека мислел дека има добра работна етика сѐ додека не ја запознал Џеј Ло кога била невиден професионалец и комплетно посветена на реализирање на своите цели. Потоа ја пофали за талентот и порача дека треба да добие признание од сите.

Приватно, според изворите, наводно Бен ја бомбардирал со љубовни мејлови Џеј Ло, додека нејзината врска со Алекс, со кого беа заедно 4 години, била на стаклени нозе.

Во мејловите додека била на снимање на филм во Доминиканската Република ѝ пишувал дека би сакал да биде со неа. Наводно со убавите зборови и комплиментите одново го освоил нејзиното срце.

Првиот доказ дека помеѓу нив се случува нешто беа папарацо фотките од нив двајца на исти места.

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-05.jpg

Актерот Мет Дејмон, кој е близок пријател на Бен Афлек изјави: „Се надевам дека е вистина. Ги сакам двајцата. Тоа би било прекрасно“. Наводно и мајката на Џеј Ло била воодушевена од текот по кој се одвиваат настаните.

Инаку за време на првата врска Бен и купи на Џеј Ло Bentley, Rolls-Royce и огромен дијамантски прстен од 1.2 милиони долари.

Парот се запозна на снимањето на филмот „Gigli“ и Афлек тогаш изјави дека таа е најзабавната и најпрефинета жена што некогаш ја запознал.

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-11.jpg

По нивната разделба и откажување на плановите за свадба Бен тогаш изјави: „Извесен период беше убаво помеѓу мене и Џен, но потоа сѐ се распадна брзо. Не можевме точно да разбереме зошто не можевме да направиме ништо за да го спречиме тоа.“

Се пишуваше дека имале проблеми околу носењето одлука каде да живеат, како и поради проблемите со коцкањето на Бен, како и повремените луди забави на Бен до утринските часови со девојки.

Со оглед на „демоните“ на Бен дали нивната врска овојпат ќе опстане, останува да видиме...

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-03.jpg

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-12.jpeg

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-10.jpg

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-09.jpg

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-06.jpg

otsekogash-beshe-opsednata-so-ben-kako-se-smirija-bivshite-svrshenici-djej-lo-i-ben-aflek-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џеј Зи обвинет за силување 13-годишно девојче со Пи Диди – Бијонсе молчи, тој негира Џеј Зи тврди дека обвиненијата против него се обид за изнудување пари, додека Би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg