„Кога сум во биполарна фаза се плашам дека секој сака да ме убие“ - Дали говорот на омраза на Канје е последица на ментално нарушување?

Ги губи спонзорствата, поранешната сопруга Ким Кардашијан јавно се огради од неговите антисемитистички изјави, доби тужба вредна 250 милиони долари – Дали најновите „испади“ на Канје Вест се последица на проблемите со менталното здравје?

koga-sum-vo-bipolarna-faza-chuvstvuvam-hiper-paranoja-dali-govorot-na-omraza-na-kanje-e-posledica-na-bipolarnoto-narushuvanje-01.jpg

По разводот со Ким Кардашијан, Канје прво беше во пријателски односи со поранешната сопруга и се обидуваше да биде тука за сопствените деца.

Потоа јавно излегуваше со други девојки и модели, а јавно ја молеше Ким да му се врати, за на крај да почне да му се заканува на нејзиниот тогашен дечко Пит Дејвидсон.

koga-sum-vo-bipolarna-faza-chuvstvuvam-hiper-paranoja-dali-govorot-na-omraza-na-kanje-e-posledica-na-bipolarnoto-narushuvanje-06.jpg

Во последните неколку месеци Канје Вест стана топ тема во медиумите заради расистичките и антисемитистичките изјави.

За време на модната недела во Париз неговите модели носеа маици со натписот „Белите животи се важни“, за кои рече дека ги направил во одговор на кампањата „Црните животи се важни“ и затоа што мислел дека тоа е лажна кампања.

„Сите знаат дека таа кампања беше измама. Сега е готова. Нема на што“ – напиша тој на Инстаграм.

koga-sum-vo-bipolarna-faza-chuvstvuvam-hiper-paranoja-dali-govorot-na-omraza-na-kanje-e-posledica-na-bipolarnoto-narushuvanje-04.jpg

Како и да е, по овој испад семејството на Џорџ Флојд, човекот чие убиство го покрена движењето и масивните протести низ САД најави тужба против Канје вредна 250 милиони долари.  

По ова, Канје почна со антисемитистичките изјави и твитови во кои ги обвинуваше еврејските Ционисти дека ги контролираат сите медиуми, па дури и за изјавата на Ким дека имала секс со Пит Дејвидсон пред каминот во чест на баба ѝ ги обвини Евреите.

„Еврејските Ционисти се тие што ѝ велат на оваа христијанска жена со четири деца со африканско американско потекло да ја испрати таа порака во медиумите“ – рече Канје.

koga-sum-vo-bipolarna-faza-chuvstvuvam-hiper-paranoja-dali-govorot-na-omraza-na-kanje-e-posledica-na-bipolarnoto-narushuvanje-03.jpg

Ким од друга страна пак, се огради и ги осуди антисемитистичките коментари на нејзиниот поранешен сопруг, а во медиумите се шпекулира дека таа посетила бајачка во Беверли Хилс за да му помогне.

koga-sum-vo-bipolarna-faza-chuvstvuvam-hiper-paranoja-dali-govorot-na-omraza-na-kanje-e-posledica-na-bipolarnoto-narushuvanje-07.jpg

Прочитајте и „Ким побара доктор за да ме затворат“ - расте стравот за менталното здравје на Канје Вест

Инаку, добро познат факт е дека Канје има проблеми со менталното здравје и самиот призна дека редовно прима лекови за да ја контролира состојбата. Дали новите испади се последица на тоа што Канје одбива да ја прима терапијата?

koga-sum-vo-bipolarna-faza-chuvstvuvam-hiper-paranoja-dali-govorot-na-omraza-na-kanje-e-posledica-na-bipolarnoto-narushuvanje-05.jpg

Во 2016-та година раперот Канје Вест доби дијагноза за биполарно нарушување, а две години подоцна во неговиот албум Ye, болеста ја нарече „супермоќ“.

Раперот досега во повеќе наврати имал сериозни испади и неговото несоодветно однесување било оценето како последица на болеста со којашто се соочува.

Тој во повеќе наврати отворено говорел за сопствените проблеми и се обидуваше да ја тргне стигмата од лицата со ментални нарушувања.

Па така, во гостувањето кај Дејвид Летерман во 2018-та година, Канје призна дека 2 години бил под лекарски надзор, а самиот откри дека кога има биполарни епизоди се соочува со силна параноја.

„Чувствуваш дека секој сака да те убие. Не веруваш никому. Кога си во оваа фаза, те обзема хипер-параноја за сѐ. Тоа е моето искуство, другите луѓе имаат различни искуства.

Секој станува играч, а сѐ околу тебе е теорија на заговор. Се чувствуваш како властите да ти ставаат микрочип во главата. Чувствуваш дека те снимаат. Во основа не веруваш никому “ – рече Канје.

koga-sum-vo-bipolarna-faza-chuvstvuvam-hiper-paranoja-dali-govorot-na-omraza-na-kanje-e-posledica-na-bipolarnoto-narushuvanje-02.jpg

Тој појасни дека во 2016-та година кога ја добил дијагнозата, бил задржан во ментална установа каде му ги врзале рацете, му дале лекови го ставиле во кревет и го одвоиле од сите луѓе.

„Ако не ги земаш лековите секој ден за да останеш смирен, може да исклучиш и да те доведе до момент кога ќе завршиш во болница и почнуваш да се однесуваш непримерно“ – рече тој.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Сопругата на Канје се облече, Пирс Броснан со извалкано сако: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични... Сестрата на Кралот Чарлс, принцезата Ана беше фотографирана како патува во патни...
Сопругата на Канје се облече за прошетка со ќерка му, откако девојчето ја нацрта разголена (фото) Откако објави видео со цртежот на кој својата маќеа ја имаше нацртано со гол зад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg