Кога е со Канје, Ким се дотерува, а кога е сама се шета во влечки + лудите теории на раперот за нејзините секс признанија (фото)
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2022
Ким Кардашијан со поранешниот сопруг Канје Вест разговара само преку асистенти, а тој пак, за нејзините секс признанија ги обвини Евреите. Дополнително Ким беше забележана на фудбалскиот натпревар на синот во влечки и дуксер, па дури и боса, откако претходниот ден се дотера бидејќи и Канје присуствуваше на натпревар кај другото дете.
Во една минута објавува фотографии во провокативна долна облека на социјалните мрежи, а во другиот веќе е фотографирана како навива на фудбалски натпревар за синот Сент (6).
Ким Кардашијан деновиве беше „уловена“ од папараци за време на фудбалскиот натпревар на синот, откако еден ден претходно заедно со Канје беа на кошаркарскиот натпревар на ќерката Норт.
На фудбалскиот натпревар на Сент, Ким на себе носеше голем син дуксер, кратки хеланки и влечки и делуваше целосно несредено во споредба со изданието во кое се појави два дена претходно кога заедно со поранешниот сопруг Канје присуствуваа на кошаркарскиот натпревар на ќерката Норт.
Ким наводно веќе не сака воопшто да разговара со поранешниот сопруг, а за сите одлуки поврзани со децата со него разговара преку асистенти.
Сепак, минатата недела тие двајца заедно присуствуваа на натпреварот на ќерката Норт, а Ким за таа прилика избра моден аутфит во кој ја истакна истанчената половина.
Ријалити ѕвездата на себе носеше широки тренерки, црно боди, а изгледот го надополни со високи штикли, црни очила и сребрена чанта, во стилот кој го обожаваше Канје на неа.
Два дена подоцна, кога знаеше дека Канје нема да биде присутен, Ким на натпреварот на синот се појави во опуштено издание.
Дополнително, додека во медиумите се шпекулира дека раперот има проблеми со менталното здравје, Page Six пишува дека Ким веќе нема нерви за неговото однесување, теориите на заговор и говорот на омраза.
Прочитајте и Ким Кардашијан со бизарно признание пред баба ѝ: „Мислев на тебе додека имав секс со Пит Дејвидсон пред камин“
Канје, од друга страна не престанува да ги полни таблоидите со своето проблематично однесување, па денес е топ тема за тврдењето на Ким дека имала секс со Пит Дејвидсон пред камин, ги обвини Евреите.
„Медиумите рекоа дека сум насилник кога се обидов да го тргнам Пит Дејвидсон подалеку од моите деца, затоа што тој ги тетовираше на себе имињата на моите деца. Ким е христијанка. Пит и Ким имале секс пред камин во чест на нејзината баба. Тоа е пракса на еврејските ционисти, што ѝ велат на оваа христијанка со четири деца со афроамериканско потекло да излезе со таква порака во медиумите“ – рече Канје.
Неговата изјава стана вирална на социјалните мрежи, а сите се прашуваат дали Канје воопшто знае што зборува.
„Потребно е да го задржат 72 часа на испитување. Братот е трагедија“.
Kanye West needs a 72 hour hold and evaluation. Brother is a walking disaster. https://t.co/rYO2q11hrP
— Mabel Hams MD JD (@Mabeltooted) October 17, 2022
Б. С. Б. | Црнобело