Ким Кардашијан со бизарно признание пред баба ѝ: „Мислев на тебе додека имав секс со Пит Дејвидсон пред камин“

„Колку е бизарно да мислиш на баба ти пред да имаш секс“ – Ким Кардашијан имаше отворен разговор со нејзината баба Мери Џо Кембел, попозната како Ем Џеј и ѝ призна дека конечно го имала сексуалното искуство за кое таа ѝ рекла дека е најдобро во животот.

kim-kardashijan-so-bizarno-priznanie-pred-baba-i-mislev-na-tebe-dodeka-imav-seks-so-pit-dejvidson-pred-kamin-01.jpg

Во последната епизода на реалното шоу The Kardashians,  Ким (41) ѝ призна на нејзината баба Ем Џеј (88) дека се обидела да ги прифати нејзините совети за да го „зачини“ сексуалниот живот со 14 години помладиот (сега поранешен) дечко, комичарот Пит Дејвидсон (28).

kim-kardashijan-so-bizarno-priznanie-pred-baba-i-mislev-na-tebe-dodeka-imav-seks-so-pit-dejvidson-pred-kamin-02.jpg

Додека многу девојки и жени воопшто и не размислуваат да разговараат за деталите од сексуалниот живот со нивните родители и баби, Ким покажа дека во семејството Кардашијан не важи тоа правило.

„Пит и јас престојувавме во хотелот Беверли Хилс минатиот викенд и седевме пред каминот и разговаравме со часови. По што му реков: ‘Баба ми ми рече дека не знаеш што е живот додека не си имал секс пред камин’, па така имавме секс пред каминот во твоја чест“ – ѝ рече ријалити ѕвездата на својата баба.

kim-kardashijan-so-bizarno-priznanie-pred-baba-i-mislev-na-tebe-dodeka-imav-seks-so-pit-dejvidson-pred-kamin-04.jpg

Ким рече дека самиот чин бил малку „бизарен“, а баба ѝ Ем Џеј, ја праша дали имала секс во ходникот или пак дочекале да влезат во приватноста на нивната соба.

„Колку е бизарно да мислиш на баба ти пред да имаш секс“ – рече Ким.

kim-kardashijan-so-bizarno-priznanie-pred-baba-i-mislev-na-tebe-dodeka-imav-seks-so-pit-dejvidson-pred-kamin-03.jpg

За потсетување, Ким и Пит Дејвидсон беа во врска околу 9 месеци, пред да одлучат да се разделат во текот на минатото лето и да одлучат да бидат само пријатели.

kim-kardashijan-so-bizarno-priznanie-pred-baba-i-mislev-na-tebe-dodeka-imav-seks-so-pit-dejvidson-pred-kamin-05.jpg

Во периодот кога се разделија Пит Дејвидсон работеше на снимањето на неговиот најнов филм, а Ким се труди да работи напорно на развојот на нејзиниот бизнис, да заврши правен факултет и секако да биде посветена мајка на четирите деца што ги доби во бракот со Канје Вест, за кого се шпекулира дека најверојатно повторно има проблеми со менталното здравје.

Прочитајте и Има растројство на личноста и уште 8 факти за новиот дечко на Ким Кардашијан

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg