„Се ежам од твоите нокти на неговата кожа“ – Кајли Џенер мета на критики по новото видео со синот
- Детали
- сабота, 16 јули 2022
„Смени му ја пелената пред да го снимаш“, „Можеш сериозно да го повредиш бебето со толкави нокти“ – коментираат дел од следбениците на Кајли Џенер што имаа можност да го погледнат видеото во кое таа му мачка лосион на синот, кому сѐ уште му го крие и лицето и името.
Кајли Џенер (24) е мета на критики откако на својот Инстаграм профил објави фотографии со своето бебе.
Ријалити ѕвездата сакаше да го промовира новиот лосион за тело од нејзината козметичка линија Kylie Baby, но се најде на удар на критики дека може сериозно да го повреди бебето.
Голем број од нејзините следбеници ѝ замерија затоа што го крие лицето на своето бебе и побараа да им го соопшти неговото име откако таа се одлучи да го промени непосредно по раѓањето, иако претходно со нејзиното момче Тревис Скот на детето му го дадоа името Волф.
Додека голем број коментираа за преслаткото видео, на некои најмногу им привлече внимание тоа што таа има бели долги вештачки нокти со кои таа му нанесува лосион на телото на бебето, а некои коментираат дека пелената му е полна.
„Барем промени му ја пелената пред да го снимаш“, „Со тие нокти можеш сериозно да го повредиш твоето бебе“, „Дали вака вообичаено му нанесуваш крем на бебето или само кога сакаш да се покажеш?“, „Се ежам додека ги гледам острите нокти на неговата мека кожа“ – се само дел од негативните коментари упатени на сметка на ријалити ѕвездата.
Видеото на кое Кајли му нанесува крем на бебети погледнете го ТУКА.
За потсетување Кајли долго време ја криеше втората бременост, а таа и нејзиното момче Тревис Скот станаа родители по вторпат во февруари годинава. Кајли и Тревис заедно ја имаат и ќеркичката Сторми (4).
https://www.instagram.com/p/CPn3BMBHH9F/?utm_source=ig_web_copy_link
Прочитајте и Кајли Џенер излезе по 5 месеци во нетипично издание за неа, откако откри дека има постпородилна депресија (фото)
Б. С. Б. | Црнобело