Го откачи за да се смири со бившиот, но Алекс Родригез има само пофални зборови за Џеј Ло: „Ни беше прекрасно заедно“

„Таа е мошне вредна и работлива и ни беше убаво заедно“ – вели Алекс Родригез за Џенифер Лопез. Поранешниот свршеник на пејачката има само пофални зборови за Џеј Ло иако таа одлучи да раскине со него и да ѝ даде втора шанса на врската со Бен Афлек.

go-otkachi-za-da-se-smiri-so-bivshiot-no-aleks-rodrigez-ima-samo-pofalni-zborovi-za-djej-lo-ni-beshe-prekrasno-zaedno-01.jpg

Џенифер Лопез (52) и Алекс Родригез (46) беа заедно 4 години, пред да најават со заедничко соопштение дека се разделуваат и ја раскинуваат свршувачката, за набрзо потоа да се дознае дека пејачката одлучила да ѝ даде втора шанса на врската со нејзиниот поранешен свршеник Бен Афлек (49).

go-otkachi-za-da-se-smiri-so-bivshiot-no-aleks-rodrigez-ima-samo-pofalni-zborovi-za-djej-lo-ni-beshe-prekrasno-zaedno-02.jpg

Во последната година по раскинувањето, Алекс Родригез и Џенифер Лопез ретко говорат за нивната врска.

Пејачката не го спомнува поранешниот свршеник во нејзиниот нов документарен филм за Netflix, насловен Halftime.

„Живеам во фокусот на јавноста. Една од работите со кои се гордеам е тоа што постојано знам да се воздржам и никој да не дознае како се чувствувам. Затоа, сега нема да говорам за тоа какви беа моите романтични врски“ – изјави таа.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Од друга страна, иако беше оставен и не е спомнат во нејзиниот биографски филм, Алекс Родригез не е лут, туку има само пофални зборови за неговата поранешна свршеница.

go-otkachi-za-da-se-smiri-so-bivshiot-no-aleks-rodrigez-ima-samo-pofalni-zborovi-za-djej-lo-ni-beshe-prekrasno-zaedno-03.jpg

Тој гостуваше во подкастот на Марта Стјуарт, каде меѓу другото, прокоментира накратко и за неговата врска со Џеј Ло:

„Еве што ќе ви кажам за Џенифер – истото ова им го раскажав и на моите колеги пред неколку дена – таа е најталентираната личност што некогаш сум ја запознал.

Таа е мошне вредна и работлива и сметам дека е најголемиот уметник во светот денес. Ни беше убаво заедно. Што е уште поважно, секогаш децата ни беа најважни во сѐ што правевме“ – рече тој.

За потсетување, Џеј Ло и Алекс Родригез беа заедно од 2017-та година, а ја раскинаа свршувачката само три месеци откако познатиот бејзбол играч ја запроси со дијамантски прстен вреден околу 4,5 милиони долари.

go-otkachi-za-da-se-smiri-so-bivshiot-no-aleks-rodrigez-ima-samo-pofalni-zborovi-za-djej-lo-ni-beshe-prekrasno-zaedno-06.jpg

Прочитајте и „Зелената ми е среќна боја“– Џеј Ло го доби најскапиот од шесте веренички прстени во нејзината „колекција“

Набрзо по раскинувањето на свршувачката во медиумите почнаа да кружат шпекулации дека пејачката е повторно во врска со нејзиниот некогашен свршеник Бен Афлек.

Џеј Ло не чекаше многу за да ги потврди информациите, па на нејзиниот 52 роденден објави фотографија на која страсно се бакнува со Бен.

go-otkachi-za-da-se-smiri-so-bivshiot-no-aleks-rodrigez-ima-samo-pofalni-zborovi-za-djej-lo-ni-beshe-prekrasno-zaedno-05.jpg

Прочитајте и На јахта на Сен Тропе, шопинг во Капри: Бен и Џеј Ло се на љубовна турнеја откако си дадоа втора шанса – каде сѐ беа?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg