„Зелената ми е среќна боја“– Џеј Ло го доби најскапиот од шесте веренички прстени во нејзината „колекција“
- Детали
- понеделник, 11 април 2022
„Сум забележала дека многупати во мојот живот кога носам зелена облека ми се случиле неверојатни работи“ – откри во една прилика Џенифер Лопез. Кое е значењето на зелениот дијамант што го доби од Бен Афлек, што воедно е најскап од сите веренички прстени што досега ги добила?
Џенифер Лопез (52) објави дека Бен Афлек повторно ја запросил, а со тоа го добила шестиот по ред веренички прстен, што воедно е најскапиот досега, а има и посебно значење за неа.
Досега имала бел, син и розов дијамант, а ова е првпат да добие веренички прстен во нејзината „среќна боја“.
Откако претходно беа објавени фотографии на кои се гледа како ѕирка новиот веренички прстен заради што почнаа шпекулациите дека славната пејачка повторно се верила за Бен Афлек (49) во петокот (на 08.04) Џеј Ло со кратко видео ги потврди убавите вести.
Таа објави кратко видео во кое покажа како изгледа реткиот зелен дијамант од 8,5 карати, за кој се проценува дека чини помеѓу 5 и 10 милиони долари.
Воедно ова е најскапиот од сите претходни дијамантски веренички прстени што таа ги добила.
Се смета дека зелените дијаманти се едни од најретките, а поради тоа се продаваат по вртоглави суми. Се претпоставува дека новиот веренички прстен што Бен ѝ го даде на Џеј Ло е минимум двојно поскап од првиот што таа го доби од него во 2002-та година.
Синиот дијамант на Марк Ентони чинеше околу 5 милиони долари, а исто толку чинеше и дијамантот од Алекс Родригез со кого ја раскина свршувачката непосредно пред да одлучи да ѝ даде втора шанса со нејзината поранешна љубов, Бен Афлек.
„Секогаш велам дека зелената е моја среќна боја. Сфатив дека многупати во животот ми се случувале убави работи кога сум носела зелена облека“ – сподели во една прилика Џенифер Лопез.
Оттука јасно е дека Бен дефинитивно е решен нивната врска да успее и овојпат да стигнат до олтар, па затоа одлучил да ја запроси со прстен во нејзината среќна боја.
За потсетување, ова е втор веренички прстен што Џенифер Лопез го добива од Бен Афлек. Тој во 2002-та година ја запроси со розов дијамант кој чинеше околу 2,5 милиони долари.
Повеќе детали за останатите веренички прстени на Џеј Ло прочитајте ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело