„Подобро е да бидеме пријатели“ – Џеј Ло и Алекс Родригез го потврдија раскинувањето

По многуте гласини за проблемите во нивната врска, Џеј Ло и Алекс Родригез соопштија дека навистина ја раскинале свршувачката.

podobro-e-da-bideme-prijateli-dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-so-zaednichka-izjava-potvrdija-deka-raskinale-01.jpg

После едвај две години од нивната свршувачка, Џеј Ло и Алекс Родригез со заедничка изјава соопштија дека ѝ ставиле крај на нивната врска:

„Сфативме дека е подобро да бидеме пријатели и се надеваме дека ќе останеме. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме во заедничките бизниси и проекти. Еден на друг, но и на нашите деца им го посакуваме најдоброто. Од почит кон нив, единственото друго нешто што сакаме да го кажеме е дека сме им благодарни на сите за добрите зборови и поддршката“.

podobro-e-da-bideme-prijateli-dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-so-zaednichka-izjava-potvrdija-deka-raskinale-02.jpg

Гласините за разделбата на познатиот пар започнаа пред неколку недели, а тогаш и двајцата ги негираа. Извори блиски до парот тврдеа дека имале проблеми во врската, но не се разделиле.

Во периодот кога почнаа гласините Џеј Ло беше во Доминиканска Република, а за да ѝ докажат на јавноста дека уште се заедно со Алекс, тој дури и ја посети таму.

podobro-e-da-bideme-prijateli-dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-so-zaednichka-izjava-potvrdija-deka-raskinale-03.jpg

Џеј Ло и Алекс ја почнаа врската во 2017-та, а се верија во 2019-та. Откако ја одложија венчавката поради пандемијата, пејачката сподели дека и двајцата сфатиле дека не им се брза и можеби никогаш нема да стапат во брак.

podobro-e-da-bideme-prijateli-dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-so-zaednichka-izjava-potvrdija-deka-raskinale-04.jpg

Пред разделбата, парот живееше заедно со нивните деца од претходните бракови. Џенифер Лопез има две деца – 13-годишните близнаци Макс и Еме. Исто така, и Алекс има две деца – 12-годишната Наташа и 12-годишната Ела.

podobro-e-da-bideme-prijateli-dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-so-zaednichka-izjava-potvrdija-deka-raskinale-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Објавени фотки на кои Џеј Ло се расправа со Диди ноќта кога силувал 13-годишно девојче + како изреаг... Во јавност се појавија фотки од забава од 2000-та кога Пи Диди наводно силувал 1...
Џеј Ло си ја отвори душата за разводот: „Бев среќна, а потоа цел свет ми експлодира“ „Токму тоа ми требаше. Фала ти Боже. Жал ми е што ми требаше толку долго време, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg