Џеј Ло си ја отвори душата за разводот: „Бев среќна, а потоа цел свет ми експлодира“

„Токму тоа ми требаше. Фала ти Боже. Жал ми е што ми требаше толку долго време, требаше да си ја научам лекцијата уште првиот или вториот пат“ – вели Џеј Ло во новото интервју каде што отворено зборува за разделбата од Бен Афлек и признава дека нема да скокне во нова врска наскоро.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-01.jpg

Џеј Ло (55) за првпат по разводот со Бен Афлек (52) си ја отвори душата и зборуваше отворено за лекциите што ги научила по 6-те свршувачки и 4-те брака.

Таа вели дека се чувствувала пресреќно по 9-тиот студиски албум и мислела дека сите соништа ѝ се оствариле.

„Ја завршив целата работа, и бев среќна, а потоа целиот мој свет ми експлодира“.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-02.jpg

Таа зборуваше за емоциите што преовладувале во текот на ова лето, додека беше разделена од Бен Афлек, и додека сите таблоиди пишуваа за разводот што беше очигледен.

„Постоеја периоди кога сметав дека сè ми е јасно, па потоа животот ќе ми речеше:

‘Ајде да ти пратам уште една замка и да видам дали ќе паднеш во неа.

Да видам дали навистина си ја научила лекцијата’.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-03.jpg

А јас ја немав научено.

Сега тоа ми е јасно, но не значи дека нема да направам пак грешки во иднина“ – искрено вели пејачката.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-04.jpg

Самата признава дека ова лето сакала да биде сама за да си докаже дека може да биде сингл и да се чувствува комплетно.

Со оглед на тоа што Џеј Ло е позната по тоа што постојано скокаше од врска во врска и од свршувачка во свршувачка, признава дека чувството да биде сама ѝ е по малку непознато и чудно.

„Се чувствуваш осамено, како да си пред непознати и страшни работи.

Тажно е. Очајно е.

Но, кога ќе размислиш за тие емоции, сфаќаш дека тие нема да те убијат, туку дека си способен да најдеш задоволство и среќа и кога си сам.

Не треба да ме дефинира тоа што сум во врска со некого.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-06.jpg

Не можам да ја барам среќата во други луѓе.

Мора да ја најдам среќата во себе.

Порано велев дека сум среќна, но постојано барав некој друг да ме исполни.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-07.jpg

„Некој што вистински те сака, ќе ти помогне да ги пополниш тие празнини во себе.

Ете, тоа го научив за љубовта.

Правиш да се чувствувам сигурно и кога ќе згрешам некаде треба да ме разбереш и да ми помогнеш да станам подобра личност затоа што ти имаш свои граници, а јас имам свои граници.

Треба да се разговара за тоа што не ти се допаѓа кај мене и за она што мене не ми се допаѓа кај тебе.

Така стануваме подобри во тие работи заедно“ – вели Џеј Ло.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-08.jpg

Ако нејзините обожаватели нетрпеливо очекуваат да видат кој ќе ѝ го даде следниот свршенички прстен и кој ќе го освои нејзиното срце, ќе треба малку да почекаат.

Џеј Ло вели дека конечно си ја научила лекцијата и планира подолго време да остане сингл.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-09.jpg

Со други зборови, го прифатила советот што нејзиниот сопруг јавно ѝ го даде пред само неколку недели.

„Не значи дека тоа што се случи за малку немаше да ме уништи.

За малку ќе ме уништеше. Но, сега, од друга перспектива си мислам:

‘Токму тоа ми требаше. Фала ти Боже. Жал ми е што ми требаше толку долго време, требаше да си ја научам лекцијата уште првиот или вториот пат.

Јасно ми е. Мораше да ме треснеш силно по главата со чекан. Мораше цела куќа да ми фрлиш врз глава. Нема потреба пак да го правиш тоа!’

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-10.jpg

Конечно ми е јасно.

Сега сум возбудена, затоа што за првпат ќе бидам сама.

Да, не барам никој нов, затоа што по сè што направив во изминатите 25, 30 години и по сите предизвици со кои што се соочив, единствено што можам да направам е да продолжам сама“ – признава Џеј Ло.

djej-lo-si-ja-otvori-dushata-za-razvodot-bev-srekjna-a-potoa-cel-svet-mi-eksplodira-11.jpg

Инаку, ова е првпат пејачката и актерка отворено да зборува за разделбата со Бен Афлек. Таа поднесе документи за развод на денот од годишнината од бракот, во август годинава.

Прочитајте и Сите знаци што укажуваа дека Бен Афлек и Џеј Ло се пред развод – низ фотографии

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg