Ја продавала сопствената крв за да преживее, а денес има милиони – Патот до славата на Никол Шерцингер

„Сите ми се потсмеваат затоа што и денес сум премногу внимателна со парите, a кога бев најсиромашна морав да донирам крв за паричен надоместок за да преживеам“ – откри во една прилика убавата Никол Шерцингер која со своето момче Том Еванс деновиве ужива на Миконос.

ja-prodavala-sopstvenata-krv-za-da-prezhivee-a-denes-ima-milioni-patot-do-slavata-na-nikol-shercinger-01.jpg

Никол Шерцингер го прослави својот 44-ти роденден на грчкиот остров Миконос заедно со своето момче Том Еванс, со кого важат за еден од најубавите познати парови.

Доколку го погледнете нејзиниот Инстаграм профил ќе забележите дека некогашната членка на Pussycat dolls постојано некаде патува, а според официјалните податоци има богатство од околу 14 милиони долари и годишна заработка од 3 милиони.

ja-prodavala-sopstvenata-krv-za-da-prezhivee-a-denes-ima-milioni-patot-do-slavata-na-nikol-shercinger-03.jpg

Сепак, пред да стане славна Никол признава дека морала да промени повеќе работни места за да може сама да си ги плати студиите.

Мајка ѝ работела како чиновник, а нејзиниот очув по професија бил заварувач, па немале доволно финансии за да ги платат нејзините студии.

ja-prodavala-sopstvenata-krv-za-da-prezhivee-a-denes-ima-milioni-patot-do-slavata-na-nikol-shercinger-02.jpg

Сепак тоа не ја обесхрабрило младата Никол да се запише на Државниот Универзитет Wright во Охајо, каде студирала театарски уметности и танц.

Освен што работела како модел и се појавувала во повеќе рекламни кампањи, во една прилика, додека говореше за себеси во интервју за Cosmpolitan Никол откри:

„За да завршам колеџ работев на повеќе работни места. Продавав козметика на штанд, но и пеев опера во мал италијански ресторан Macaroni Grill.

Во периодот кога бев најсиромашна дури и донирав крв за паричен надомест. За јадење подготвував палачинки од готов микс во кој се додава само вода, затоа што ме најадуваа“ – вели таа.

ja-prodavala-sopstvenata-krv-za-da-prezhivee-a-denes-ima-milioni-patot-do-slavata-na-nikol-shercinger-04.jpg

Никол особено се чувствува горда на сопствените успеси затоа што сѐ што постигнала успеала да го направи сама.

„Многу го сакам моето семејство и тие ми пружаа многу љубов, но никој не ми купил автомобил или да ме образува.

Сето тоа го постигнав сама со напорна работа и горда сум затоа што сѐ што постигнав, постигнав сама. Затроа сега нештата ги ценам многу поинаку.

Сите ми се потсмеваат затоа што многу внимавам со парите и затоа што не ги земам здраво за готово“ – откри таа.

Инаку, по успехот со Pussycat Dolls Никол денес е далеку од сиромашна студентка. Нејзиниот изглед се должи на строго избалансирана исхрана и редовно вежбање, а секој миг го поминува во патувања.

Таа во моментов заедно со нејзиното момче Том Еванс ужива на грчкиот остров Миконос.

Погледнете повеќе нејзини фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди Во една пригода откри дека бил подготвен да ја продаде и мајка му за да најде оп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg