Кои се 5-те тајни на Никол Шерцингер за да изгледа како бикини божица на 43 години?
- Детали
- петок, 05 ноември 2021
Кога ќе видите некои од познатите ѕвезди веднаш помислувате дека тие гладуваат за да останат во топ-форма. Никол Шерцингер тврди дека јаде сѐ што ќе посака и не се воздржува од ништо, но сепак има неколку тајни за добар изглед – кои се тие?
Без разлика дали гледаме папараци фотки од неа или ги следиме нејзините објави на Инстаграм, Никол Шерцингер (43) изгледа одлично во секое издание.
Таа е една од славните девојки што тврди дека не се воздржува премногу кога станува збор за исхраната и дека не се оптоварува премногу со броењето калории... Како ѝ успева да остане во топ форма?
Различни вежби
Никол вели дека постојаните тренинзи се најзначајни за нејзиниот добар изглед. Само ако ги погледнете објавите на Инстаграм, ќе сфатите дека таа е мошне посветена на физичката активност: кардио-вежби, пешачење, пливање...
Исто така, познато е дека таа е голем обожавател на јога, па често објавува фотографии на кои може да се види како изведува јога пози, што на повеќето ни се чинат практично невозможни.
Мотивација со пријателите и момчето
За да остане мотивирана и посветена на вежбите и физичката активност Никол редовно кани пријатели за заедно да вежбаат.
Таа откри дека заедно со пријателките заедно се поддржуваат во теретана, затоа што понекогаш навистина е тешко да се остане мотивиран.
Заедно одат на пешачење, јога, или на кардио-вежби. Во последно време, таа постојано објавува фотографии како вежбаат заедно со нејзиното момче Том Еванс.
Не брои калории – туку внимава на хранливите состојки во исхраната
За разлика од голем број други познати дами што се опседнуваат со бројот на калории во исхраната, Никол останува посветена на тоа нејзината исхрана да биде исполнета со здрави хранливи состојки и да ги задоволува потребите на нејзиното тело.
Таа го започнува денот со појадок полн со протеини и јаглехидрати, што ѝ дава сила за да ги издржи напорните тренинзи во текот на денот.
Едноставно мени
Тоа што не сака да се откажува од задоволствата кога станува збор за исхраната, не значи дека Никол постојано ужива во нездрава и калорична храна, напротив, нејзиното мени е мошне здраво и вклучува здрави производи.
Нејзиниот појадок често вклучува свежо цеден зелен сок, гранула (трици), јогурт, кафеав ориз, банана.
За ручек јаде салата со марула, шери домати, авокадо и малку мисиркино месо и сирење.
За вечера зема тестенини без глутен со сос од домати, а кога има потреба од шеќери најчесто јаде овошје или чоколадни бомбици.
Нема јадење доцна навечер
Сите знаеме дека доцните и неубаво распоредени оброци се главен непријател на витката линија, а Никол религиозно се придржува до ова правило.
Самата признава дека понекогаш е многу тешко да внимава на времето во кое јаде, особено ако патува, но постои едно правило што го почитува најмногу.
„Кога навистина внимавам на килограмите, се воздржувам од тоа да јадам доцна навечер“ – вели таа.
Дополнително, таа многу повеќе води сметка за тоа во колку часот јаде, отколку за тоа каква храна јаде, затоа што не сака да се чувствува дека жртвува одредени задоволства во животот.
Бонус: Што јаде кога сака да се опушти?
Сите имаме мигови кога сакаме да се опуштиме и да си дозволиме некој оброк од кој што вообичаено се воздржуваме, а за Никол тоа значи, ракчиња и пире, пица, пржени компирчиња и мексиканска храна со многу сирење.
„Немојте да се воздржувате од ништо бидејќи очајно ќе почнете да го посакувате тоа и може да се случи да не можете да се заситите. Затоа најдобро е да јадете сѐ, но умерено“.
Уште некои клучни правила на Никол за добриот изглед се и тоа што мошне се сака и се прифаќа себеси таква каква што е, пие многу вода и секако добриот сон.