Ева Лонгорија ја откри тајната на Викторија Бекам за блескав тен: „Секое утро има ист појадок со години!“
- Детали
- сабота, 16 ноември 2024
Би можеле ли 25 години да јадете исто за појадок и за ручек? Очигледно Викторија Бекам може и не се откажува од едноставните оброци што ѝ помагаат да го одржи блескавиот тен и добрата форма. Знаете ли што јаде таа за појадок и за ручек?
Пред извесен период сите беа збунети кога Дејвид Бекам откри дека неговата сопруга 25 години го јаде истиот оброк за ручек, кој се состои од печена риба на скара и зеленчук, а сега се дозна дека истото се однесува и на појадокот.
Викторија во минатото призна дека строго се придржува до Медитеранската диета и дека таа ѝ помага да има беспрекорен изглед на кожата.
Нејзината долгогодишна пријателка, актерката Ева Лонгорија сега откри од што се состои појадокот што Викторија го приготвува и го консумира секое утро.
Како што вели, тоа што нејзината пријателка постојано го јаде истото јадење, не ја прави „тешка“ личност, туку „лесна“ и предвидлива.
„Со неа е лесно, затоа што и двете го јадеме истиот појадок. И двете сакаме белка од јајце и авокадо и Викторија знае одлично да ги приготви“ – рече Ева.
Таа не откри дали консумираат тост со авокадо и белка, или пак прават салата од нив, но јасно е дека станува збор за нискокалоричен оброк, полн со здрави состојки.
Дејвид, пак, пред извесен период се жалеше дека сѐ што приготвува мора да јаде сам, затоа што неговата сопруга 25 години јаде исти оброци.
„Откако ја запознав таа јаде само печена риба на скара, зеленчук на пареа и ретко отстапува од тоа“ – рече тој.
Викторија сама призна дека не сака да јаде храна приготвена во масло, путер или сосови и дека не јаде црвено месо и млечни продукти.
Вели дека таа е најголем кошмар за рестораните затоа што бара само зеленчук на пареа, балсамико оцет и сака сама да си го зачини јадењето.
За неа, слатко задоволство е да јаде лепче со сол, а кога ѝ е роденден очекува да добие овошна торта.
Би можеле ли вие 25 години да јадете само авокадо, јајца, риба и зеленчук?
Прочитајте и „И јас ја пробав диетата на Викторија Бекам – лицето ми блескаше, но се чувствував ужасно, oва не е живот“
Б. С. Б. | Црнобело