Криел дека има рак на грлото, со вештачка интелигенција го вратил гласот – Факти за Вал Килмер
Во 1991-вата година работел на снимањето на филмот The Doors, каде постојано влегувал во конфликт со режисерт Оливер Стоун. Неговата опседнатост со тоа како треба најдобро да се одигра улогата го однела до таму што дури морал да ѝ плати на колешка за напад.
За време на кастингот за The Doors наводно Вал ја кренал и ја тресел, а потоа ја фрлил на под колешката Кејтлин О Хини, за што таа поднела тужба и морал да ѝ плати отштета во висина од 24.500 долари.
Во 2014-та година актерот кој сѐ уште беше на врвот на кариерата се соочи со најголемиот предизвик во неговиот живот: ракот на грло. Како што самиот раскажува во својот биографски филм во еден миг само почнал да чувствува болка во грлото, а малку подоцна почнал да повраќа крв, по што му бил дијагностициран рак на грлото.
Веднаш по објавувањето на веста дека има рак на грлото, актерот се обратил до јавноста и рекол дека информациите за неговата здравствена состојба не се точни и дека нема рак.
За својата здравствена состојба Вал проговори дури во 2017-та година во одговор на коментарите на Мајкл Даглас, којшто претходно потврди дека Вал страда од истата форма на канцер од која страдал и тој самиот.
Вал се лекувал со радиотерапија и хемотерапија, а гласните жици му биле оштетени по трахеоктомијата (хируршки зафат со кој се прави отвор на грлото) што му била направена со цел да може да дише.
Во 2020-та година Вал за првпат се појави во јавност и забележително беше дека има целосно променет глас, а во 2021-ва снимаше документарен филм во кој ја раскажа приказната за сопствената борба со болеста. Во филмот Вал говореше со помош на гласовна кутија.
-->
-->
Истата година со помош на британската компанија Sonatic на Вал му беше пружена можност да си го врати стариот глас со помош на вештачка интелигенција. Гласот на Вал Килмер е компјутерски генериран за да биде идентичен со тоналитетот од пред да заболи од рак.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Го „навлекла“ на скиентологија, ја оставил за Никол Кидман: Која е првата сопруга на Том Круз?
Том Круз првпат се венча на 24-годишна возраст, и тоа со жена која е шест години...

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“
Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ...
„Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...

Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото
Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели...
По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...