Криел дека има рак на грлото, со вештачка интелигенција го вратил гласот – Факти за Вал Килмер
- Детали
- недела, 22 мај 2022
Неколку години се обидувал да скрие дека има рак на грлото, целосно го загуби гласот, а денес говори со гласовна кутија и со помош на вештачка интелигенција си го врати гласот – Факти за Вал Килмер, актерот кој игра заедно со Том Круз во Top Gun: Maverick.
Вал Килмер (62) е легендарен холивудски актер кој по тешката борба со ракот неодамна повторно се врати на филмското платно со улогата во Top Gun: Maverick, каде глуми заедно со Том Круз. Заради најновата улога неговиот живот повторно е во фокусот на јавноста.
Во Холивуд го нарекуваат и „психо Килмер“ затоа што наводно е еден од најпроблематичните актери со кои речиси никој не сака да работи.
Бил озлогласен затоа што често влегувал во конфликти со колегите и со режисерите, а речиси секогаш бил уверен во тоа дека тој знае како најдобро треба да се одигра улогата.
Режисерот на Batman Forever, Џоел Шумахер за него вели дека бил личност со најголеми психолошки проблеми што некогаш ја сретнал.
Сепак, тоа не го спречуваше да оставри плодна филмска кариера во 90-тите години на минатиот век и во почетокот на 2000-тите.
Познат е по улогите во филмовите The Doors, каде го глумеше легендарниот Џим Морисон, Batman, Kiss Kiss Bang Bang, The Ghost, Red Planet и секако во Top Gun, филмот што му донесе светска слава.
Сепак, враќањето на Вал Килмер во Top Gun воопшто не беше лесно. Актерот помина тежок пат во борбата со ракот на грлото и целосно ги загуби гласот.