Фановите се шегуваат за „најискинатите фармерки на светот“ на Ким Кардашијан – чинат 5.900 евра (фото)
- Детали
- четврток, 07 април 2022
Фармерките што ги носи Ким Кардашијан на најновата Инстаграм објава се целосно искинати, а покрај критиките зa моделот, јавноста е зачудена и од нивната цена – неверојатни 5.900 евра.
Ким Кардашијан предизвика лавина реакции со последната објава на Инстаграм благодарение на нејзиниот аутфит.
41-годишната ријалити ѕвезда сподели неколку фотки на кои носи корсет во комбинација со можеби најискинатите фармерки што сте ги виделе досега.
Фармерките се целосно искинати, освен на рабовите на ногавиците и горниот дел каде што се закопчуваат.
А, она што најмногу ја изненади јавноста е нивната цена – вртоглави 5.900 евра.
Додека некои фанови се воодушевени од аутфитот на Ким и имаат само комплименти, многумина ја искористија можноста да се пошегуваат.
„Не знам дали ти кажал некој, но мислам дека ти се скинати фармерките“.
„Што мислите, колку време ѝ требало да ги облече фармерките?“
„Зарем немаш пари да си купиш добри фармерки?“
„Колку е само тешко да се облечат овие фармерки…“
„Сигурно соблекувањето е уште потешко“.
„Ким, не. Што е со овој аутфит?“
Во коментарите има и шеги за описот на објавата за кој многумина велат е бесмислен и нема никаква поврзаност со фотките.
„Зборувај помалку и кажи повеќе“, напишала Ким.
Пред само некој ден, Ким повторно беше критикувана за скапите Balenciaga влечки кои чинат 410 евра.
Спирова С. | Црнобело