Ким Кардашијан се прошета во влечки од 410 евра, без грам шминка (во придружба на Канје Вест)
- Детали
- вторник, 29 март 2022
Кога Ким Кардашијан е само „обична мајка“ и навива на фудбалски меч на синот, со бившиот сопруг крај себе и издание како за по дома, но со бизарен дизајн на апостолки.
Ким Кардашијан неодамна беше фотографирана со поранешниот сопруг Канје Вест на спортски натпревар на нивниот син Сент во Лос Анџелес, во придружба на Норт и Чикаго.
Но, најголемо внимание 41-годишната ријалити ѕвезда привлече со влечките на нозете.
Станува збор за апостолки од брендот Balenciaga од 410 евра.
Многумина дизајнот на овие апостолки го нарекуваат бизарен поради расцепот напред кај прстите.
За оваа пригода Ким е во сосема релаксирано издание, без грам шминка на себе.
Ким на натпревар на синот:
С. С. | Црнобело