Клои Кардашијан прошета без градник и во тесно боди – му покажа на Тристан што пропушта (фото)
- Детали
- четврток, 24 март 2022
По турбулентната врска со Тристан Томпсон, Клои Кардашијан сосема го промени изгледот. Таа беше фотографирана додека се шеташе низ Калабасас во тесно боди без градник, а особено до израз дојде нејзината витка линија.
Клои Кардашијан (37) минатата година одлучи да ѝ стави крај на врската со таткото на нејзината ќерка Тру (3), Тристан Томпсон (31), а во последно време е посветена на тоа да покаже дека во целост е сконцентрирана на себеси и на ќерката.
Причината за раскинувањето со Томпосн беа големиот број скандали со неверства, но и тоа што НБА кошаркарот неодамна стана татко по третпат и доби син со девојката со која ја изневерувал Клои додека сѐ уште биле во врска.
Марали Николс во декември 2021-ва година се породи со третото дете на кошаркарот, по што тој упати јавно извинување до Клои и до нивната ќерка, но очигледно ријалити ѕвездата нема намера да му даде уште една шанса, по многуте претходно дадени.
https://www.instagram.com/p/CaWDoA0L-q7/?utm_source=ig_web_copy_link
Ријалити ѕвездата во последно време го привлекува вниманието во светските медиуми и кај папарацо фотографите откако ослабе речиси до непрепознатливост, а таа ја користи секоја прилика да ги покаже своите облини и витката линија.
Дополнително, се шпекулира дека таа ги извадила и филерите од задникот што исто така придонесе за промена на нејзиниот изглед.
Клои важи за една од Кардашијан-Џенер сестрите чиешто тело најчесто било мета на критики, а деновиве се прошета низ Калабасас во Калифорнија во тесно боди од брендот на нејзината сестра Ким Кардашијан, SKIMS. Забележително е дека Клои не носи градник.
Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од лудите забави во Мајами каде беше заедно со сестра ѝ Ким и пријателките.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Прочитајте и Процветаа по раскинувањата – како славните дами го трансформираа својот изглед? (фото)
Б. С. Б. | Црнобело