„Ти си најдобриот татко на светот“ – Роналдо со децата во џакузи и на кошарка, Џорџина му се восхитува (фото)
- Детали
- понеделник, 21 март 2022
„Ти си најдобриот татко на светот“ – му порача Џорџина Родригез на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо по повод Денот на татковците. Низ неколку фотографии таа покажа како Роналдо го поминува слободното време со децата.
Партнерката на Кристијано Роналдо (37), Џорџина Родригез (28) која во моментов е бремена со близнаци, сподели повеќе фотографии и покажа зошто Роналдо е најдобриот татко на целиот свет.
Прочитајте и Имаат милиони, но не ги разгалуваат децата – Како Роналдо и Џорџина го прославија роденденот на ќерката? (видео)
Во Шпанија, Денот на татковците се прославува порано отколку во другите земји, па така годинава овој ден се славеше на 19-ти март.
Семејството на Роналдо иако во моментов живее во Англија, сепак останува доследно на своите традиции и корени.
Џорџина објави повеќе фотографии на својот Инстаграм профил со кои го одбележа овој ден и покажа како светски познатиот фудбалер го поминува времето со своите деца.
Забава во џакузи, играње кошарка во соба или само гушкање, а секако тука се и луксузните одмори и патувања.
„Секој ден со тебе е среќен и посебен. Те сакаме неизмерно. Ти благодариме затоа што си најдобриот татко на светот“.
Инаку, Џорџина во моментов е бремена со близнаци, а парот откри дека очекуваат момче и девојче.
Тие исто така имаат уште една заедничка ќерка Алана Мартина (4), а Роналдо има уште 3 негови деца, синот Кристијано Роналдо Џуниор (11) и близнаците Ева Мариа и Матео Роналдо (4) кои ги доби со сурогат мајка.
Џорџина претходно откри дека таа и Роналдо заедно имаат клиника за трансплантација на коса, што таа ја раководи, а Роналдо на социјалните мрежи се пофали дека неодамна ја отвориле третата клиника во Шпанија.
Прочитајте и Џорџина Родригез тврди дека не го троши богатството на Роналдо: „Парите си ги заработив сама“
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело